Изјавата на Каја Калас за Русија и Кина е извадена од контекст
ЕУ не сака војна со Русија ниту пак ја испровоцира војната што Русија ја почна во Украина, која е суверена држава со демократски избрана власт. Од почетокот на воената инвазија Русија се обидува да измисли оправдувања за да ја прикаже воената инвазија врз Украина како оправдана, а едното од тие оправданија е невистинитото дека „ЕУ сакаат војна“ како што пишува и во објавата што ја рецензираме.
ЕУ не сака војна со Русија ниту пак ја испровоцира војната што Русија ја почна во Украина, која е суверена држава со демократски избрана власт. Од почетокот на воената инвазија Русија се обидува да измисли оправдувања за да ја прикаже воената инвазија врз Украина како оправдана, а едното од тие оправданија е невистинитото дека „ЕУ сакаат војна“ како што пишува и во објавата што ја рецензираме
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео и пишува:
Каја Калас : Ако не можеме да победиме една Русија, тогаш како ќе ја победиме Кина ! ЕУ дегените не сакаат мир, сакаат војна. ФАШИСТИ
…Но Кина е многу поголема економија отколку Русија, со многу поголема војска од Русија. Така што ако велите дека не можете да победите… Дека ние колективно не сме во состојба да ја притиснеме Русија до степен тоа да има ефект, тогаш како велите дека сте во состојба да го преземете ризикот со Кина?
Во оваа објава се пропушта контекстот. Кога Каја Калас зборува за колективен притисок врз Русија, тој притисок не се однесува на водење војна против Русија, туку правење притисок за Русија да се повлече од териториите на Украина, врз кои во 2022 година почна неиспровоцирана воена инвазија. „Вистиномер“ го пронајде целосниот транскрипт од прашањето и одгорот кој Калас го даде на Хадсон Институтот на 27 февруари 2025.
Таа беше запрашана за процесите што се случуваат во светот, додека иднината на европскиот поредок се одлучува во Украина.
Дали за американската публика можете да објасните што мислите за политиките на Кина? Не може да го избегнете прашањето за Пекинг. Така што кажете ни малку повеќе за тоа како новата Комисија пристапува кон Кина?
Одговорот кој го дава Каја Калас од кој е исечено видеото од објавата што ја рецензираме гласи:
Секако имаме политики за отстранување на ризиците, да не ги направиме истите грешки како со Русија. Но сега, кога гледаме дека Америка се зближува со Русија, тоа покрева многу прашања во врска со Кина. Кина е многу пријателски настроена кон нас сега, но треба да имаме дискусија за нејзините политики. Дерискирање во областите каде ризиците се повисоки, а соработка во други области со Кина. И секако тука Америка игра голема улога, го почнува својот одговор Калас.
Потоа таа продолжува:
И едно од прашања кој никој не може да го одговори за Кина… Слушам изјави од некои американски политичари што велат дека нема шанса да ја победите Русија. Русија е толку многу поголема, и мора да ѝ попуштите на Русија зашто е непобедлива, што не е вистина, патем. Но, на ваков начин им сигнализирате на вашите азиски колеги, дека ако Кина ги нападне, тогаш вие сте тука. Но Кина е толку поголема економија од Русија, со поголема војска од Русија. Така што ако велите дека колективно не сме способни навистина да ја притиснеме Русија до ниво тоа да има ефект, тогаш како велите дека може да го преземете ризикот на Кина? Ако некој може да ми го одговори ова прашање би била многу среќна, завршува таа со одговорот на ова прашање.
Од овој целосен одговор станува јасно дека Каја Калас зборува за ризиците врз азиските земји од кинески напад и нејзина своевидна критика за изјавите дека „Русија е непобедлива“.
Од целиот контекст на прашањето и одговорот и повеќе од јасно е дека Калас не зборува дека ЕУ е во војна со Русија. Таа кога зборува мисли на САД и на изјави од американски политичари кои ги охрабруваат азиските колеги дека ќе бидат на нивна страна ако Кина ги нападне, а од друга страна кажуваат дека „Русија е непобедлива“.
Не е точно наведеното во објавата дека ЕУ не сака мир и дека сака војна, ниту дека се „фашисти“. Во фашистичките режими целта е да се создаде тоталитарна држава каде има една партија, се верува во „расна чистота и господарска раса“, а сето тоа е завиено со дискриминација и демонизирање некој „друг“ како што се Евреите, хомосексуалците, етничките малцинства или имигрантите. Овие идеи ги мотивираат фашистичките режими да вршат масакри, присилни стерилизации, депортации и геноциди.
Европската Унија наспроти фашизмот, ја слави културната различност и ја охрабрува соработката меѓу различните народи. Се стреми да го поттикне чувството за европски идентитет, истовремено почитувајќи ги националните идентитети. Фашизмот, спротивно на ова, промовира хомоген национален идентитет и често се вклучува во агресивен национализам и ксенофобија. ЕУ се придржува до принципите на либерална демократија, човекови права и владеење на правото.
ЕУ не сака војна со Русија, ниту пак, ја испровоцира војната што Русија ја почна во Украина, која е суверена држава со демократски избрана власт. Од почетокот на воената инвазија Русија се обидува да измисли оправдувања за да ја прикаже воената инвазија врз Украина како оправдана, а едното од тие оправданија е невистинитото дека „ЕУ сакаат војна“ како што пишува и во објавата што ја рецензираме.
Лидерите на ЕУ во неколку наврати побараа Русија веднаш да ги прекине своите воени акции, безусловно да ги повлече сите сили и воена опрема од Украина и целосно да го почитува територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина. Тие го истакнаа правото на Украина да ја избере својата судбина и го пофалија народот на Украина за нивната храброст во одбраната на својата земја. Западот ја поддржува Украина во своето право на самоодбрана и во последните обиди да се постигне мировен договор се на страната на Украина која треба да добие безбедносни гаранции.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која се пропушта контекстот.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар