Измама: Адидас не подарува кутии со облека

Адидас нема официјално претставништво во Македонија, а неговите производи можат да се најдат во македонските продавници за спортска опрема. „Вистиномер“ не успеа на ниту една од Фејсбук страниците на продавниците за спортска опрема во Македонија да најде објава дека Адидас ја распродава својата облека и дека испраќа кутии со опрема, што значи дека објватите што ги анализираме се лажни реклами

Адидас нема официјално претставништво во Македонија, а неговите производи можат да се најдат во македонските продавници за спортска опрема. „Вистиномер“ не успеа на ниту една од Фејсбук страниците на продавниците за спортска опрема во Македонија да најде објава дека Адидас ја распродава својата облека и дека испраќа кутии со опрема, што значи дека објавите што ги анализираме се лажни реклами

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Adidas ја ликвидира минатогодишната колекција за да ги ослободи магацините за новите модели! Секој заинтересиран може да добие кутија со брендирана облека — само пополнете кратка анкета подолу.

Објавата споделува и фотографија на која се гледаат кутии полни со алишта на кои е испишано името „Адидас“.

Кога ќе стиснете на линковите од објавите, тие ве водат на веб страници кои немаат никаква врска со брендот Адидас.

Фејсбук страниците што ја споделуваат наводната наградна игра, исто така, немаат никаква врска со брендот Адидас. Тие имаат дестина следбеници и не содржат никакви информации за себе, што веднаш отвора сомнеж за релевантноста на објавите.

За разлика од нив, официјалната фејсбук страница на Адидас има преку 40 милиони следбеници.

Адидас e мултинационален германски производител на спортска облека и матична компанија на Адидас Групација (Adidas Group), која се состои од компанијата за спортска облека Рибок (Reebok), голф компанија (вклучувајќи ја и компанијата Ашворт (Ashworth)), и Rockport. Покрај спортски обувки, компанијата произведува и други производи како што се чанти, кошули, часовници, очила и други добра поврзани со спорт и облека. Компанијата е најголемиот производител на спортска облека во Европа и втор по големина производител на спортска облека во светот, по неговиот американскиот конкурент Најк.

Адидас нема официјалнно претставништво во Македонија, а неговите производи можат да се најдат во македонските продавници за спортска опрема.

„Вистиномер“ не успеа на ниту една од Фејсбук страниците на продавниците за спортска опрема во Македонија да најде објава дека Адидас ја распродава својата облека и дека испраќа кутии со опрема, што значи дека објавите што ги анализираме се лажни реклами.

Овие насочени реклами за измама обично имаат за цел да го натераат корисникот да се регистрира за нешто и бара од корисниците информации за кредитна или дебитна картичка за да ја завршат акцијата.

Очигледно е дека објавата има за цел да ги измами корисниците на социјалните мрежи и да ги извлече нивните лични податоци за потоа да ги злоупотреби. Затоа, оваа објава ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција