Измама е дека Филипс доделува апарат за две евра за првите сто луѓе

Ваквата „понуда“  за Филипс апарати за две евра,  е пласирана исклучиво со цел корисниците да ги споделат своите лични податоци во полињата, а потоа истите на многу начини можат да бидат злоупотребени. Ако се погледне веб-адресата на измамничкиот сајт, се гледа дека на неа не фигурира името на брендот Филипс, туку се работи за аматерски креирана посебна страница со цел преку неа  да бидат преземени личните податоци на корисниците

Ваквата „понуда“ за Филипс апарати за две евра е пласирана исклучиво со цел корисниците да ги споделат своите лични податоци во полињата, а потоа истите на многу начини можат да бидат злоупотребени. Ако се погледне веб-адресата на измамничкиот сајт, се гледа дека на неа не фигурира името на брендот Филипс, туку се работи за аматерски креирана посебна страница со цел преку неа  да бидат преземени личните податоци на корисниците

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува наводна промоција на апарат за домаќинство на Филипс, односно кујнски апарат за готвење на пареа. Во измамничкиот пост се тврди:

ЛИКВИДАЦИЈА НА СКЛАД
За првите 100 луѓе, цената на фритерот е само €2 !
За да направите нарачка, посетете ја нашата веб-страна.
Ограничен број!
Распродажбата важи до 30.04.2023!

Кога ќе се пристапи до линкот во склоп на постот, истиот го води корисникот до надворешна страница специјално дијзајнирана за корисникот да биде измамен дека учествува во некаква наградна игра. Најнапред му се поставуваат три анкетни прашања, а кога ќе одговори на нив, учествува во „извлекување“ каде треба да погоди во која од виртуелните кутии со подароци се наоѓа апаратот за готвење на пареа. Кога ќе кликне на кутиите со машнички, тој добива известување дека „е среќниот добитник на Филипс апарат за готвење на пареа за само 123 денари“.

Но, сето ова објаснување и целиот процес е измамнички и корисниците на социјалната мрежа Фејсбук не добиваат никакви Филипс апарати за две евра,  ваквата „понуда“  е пласирана исклучиво со цел корисниците да ги споделат своите лични податоци во полињата, а потоа истите на многу начини можат да бидат злоупотребени.

Името, презимето, адресата, телефонскиот број и мејл адресата се само некои од податоците коишто мора да ги оставите на измамничкиот сајт „за да бидете исконтактирани“ за наводното добивање на наградата . Меѓутоа, никој нема да ги исконтактира лицата кои ќе ги остават своите лични податоци, бидејќи апаратите за две евра постојат само виртуелно, во оваа измамничка наведувачка содржина чија вистинска цел е прибирање на лични податоци на корисниците.

Помошниот сајт, на којшто корисниците на Фејсбук се наведувани да ги остават своите лични податоци, е изработен на начин што за неискусните корисници на Фејсбук може да остави впечаток на реален и веродостоен сајт, со оглед на тоа што постојано се појавуваат фотографии од апаратот за готвење на пареа, а на англиски јазик има и рекламен материјал за перформансите на апаратот и бенефитите да се готви на пареа без маснотии.

Но, ако се погледне веб-адресата, се гледа дека во неа не фигурира името на брендот Филипс, туку се работи за аматерски креирана посебна страница со цел преку неа да им бидат преземани личните податоци на корисниците.

Дополнителен елемент кој укажува на неверодостојност е тајмерот кој отчукува на екранот креирајќи лажен впечаток за итност и неодложност, за корисникот на Фејсбук што побрзо да ги внесе своите лични податоци во полињата  за да ја „освои наградата“.

Од лажни профили во коментарите под постот што го рецензираме се оставаат лажни коментари дека наводно апаратот за готвење на пареа им пристигнал на тие кои го нарачале и дека се „презадоволни и се заблагодаруваат“. Но овие коментари се оставени од лажни непостоечки профили чија единствена улога е да креираат лажна слика дека наградната игра е веродостојна кога впрочем истата е само измама со цел собирање на лични податоци на корисниците на Фејсбук преку злоупотреба на брендот Филипс.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

Корисниците на социјалните мрежи треба секогаш да се посомневаат кога ќе видат објава или реклама чија понуда се чини дека е предобра за да биде вистинита. Треба да бидат многу внимателни со какви било веб-страници кои бараат лични податоци, особено податоци од банкарски сметки, бидејќи може да станат жртви и на финансиска измама.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција