Измама е дека Финторед ви помага да ги вратите парите од измамници
Во објавата се даваат невистинити, нереални ветувања, коишто имаат за цел, преку оставениот онлајн прашалник да ги мотивираат и инспирираат граѓаните да ги оставаат своите лични податоци мислејќи дека ќе бидат контактирани од некакви истражители. Меѓутоа, во Република Северна Македонија, финансиски истраги вршат финансиската полиција, одделот за компјутерски криминал во МВР и Јавното обвинителство.Доколку граѓаните станат жртви на онлајн измами, тоа треба да го пријават во МВР, а не на реклами во кои не фигурира ниту адреса на правното лице „посредник за враќањето на парите“, ниту пак, се знае со кого би стапиле во контакт, ниту која е законската рамка во која ваквите лица би можеле да ги вратат парите
Во објавата се даваат невистинити, нереални ветувања, коишто имаат за цел, преку оставениот онлајн прашалник да ги мотивираат и инспирираат граѓаните да ги оставаат своите лични податоци мислејќи дека ќе бидат контактирани од некакви истражители. Меѓутоа, во Република Северна Македонија, финансиски истраги вршат финансиската полиција, одделот за компјутерски криминал во МВР и Јавното обвинителство. Доколку граѓаните станат жртви на онлајн измами, тоа треба да го пријават во МВР, а не на реклами во кои не фигурира ниту адреса на правното лице „посредник за враќањето на парите“, ниту пак, се знае со кого би стапиле во контакт, ниту која е законската рамка во која ваквите лица би можеле да ги вратат парите
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Ќе ги вратиме вашите пари од измамниците. Наидовте на измама? Ќе ви помогнеме да ги вратите вашите средства од брокери, онлајн казина, крипто платформи и финансиски пирамиди. Дејствувајте сега! Ќе ги вратиме вашите пари од измамниците!
Во склоп на линкот оставен во објавата, се даваат невистинити, нереални ветувања, коишто имаат за цел, преку оставениот онлајн прашалник да ги мотивираат и инспирираат граѓаните да ги оставаат своите лични податоци мислејќи дека ќе бидат контактирани од некакви истражители. Меѓутоа, во Република Северна Македонија, финансиски истраги вршат финансиската полиција, одделот за компјутерски криминал во МВР и Јавното обвинителство. Овде не станува збор за ниедна од горенаведените институции, туку за неименувани лица кои се претставуваат како правен субјект што може да спроведе истрага и да изврши поврат на средства од измамници, што секако е само параван за да се собираат личните податоци од граѓаните и тие да се наведат да веруваат во нереалните ветувања.
Само едно од тие нереални ветувања е тоа дека ако сте ги загубиле сите ваши пари со измамничка брокерска компанија, тогаш Финторед може да обезбеди правда за вас. Еден од елементите коишто треба да предизвикаат сомневање и претпазливост кај корисниците на социјалните мрежи е тоа што само МВР и ОЈО можат да докажуваат измами, односно постоење на елементи на ова кривично дело треба да се докаже во законита кривична постапка, што од наведеното на сајтот во објавата што ја рецензираме не произлегува дека може да се случи. Со други зборови, не е наведено како ќе се изврши повратот на средствата од брокер ако вие сте ги загубиле сите парични средства. Во законита кривична постапка кривичното дело „измама“ со неговите елементи се јасно опишани во законската регулатива и мора да бидат докажани единствено на суд и судот мора да наложи враќање на парите!
Исто така, нереално се ветува враќање на загубени пари во онлајн казина или пирамидални шеми, нешто со кое граѓаните имаат искуство и за жал на ниеден парите не му се вратени, ни преку МВР, а камоли преку сајт на интернет што рекламира дека може тоа да го направи.
Трговска марка со име „Финторед“ има регистрирано во Русија и уште една, која е во тек на регистрација во Виетнам, при што сопственик е фирма од Индија. Но, портал со вакво име не може да се најде на Интернет. Страницата до која води линкот од објавата, иако содржи бренд „Финторед“, носи адреса yelodrin.vip. Редовно регистрирана компанија има адреса на својот веб сите со сопственото име, а не со некое друго име кое е сосема различно. Кога ќе се провери сајтот yelodrin.vip на пребарувачот на домејни WhoIs, во неговата регистерска картичка нема никакви податоци, односно податоците се скриени, регистрантот е друга фирма од Исланд, а самиот домејн е регистриран лани во декември, што значи пред само еден месец. Сето ова криење на идентитетите на сите оние што стојат зад овие две страници, како и неодамнешното регистрирање на сајтот на кој се промовира Финторед, е показател дека оние кои наводно нудат поврат на парите направиле се што можеле да го скријат сопствениот идентитет, односно да останат анонимни за да не може да им се влезе во траг.
На крајот од сајтот, пишува дека „парите ќе ви бидат вратени уште утре“, уште едно нереално ветување. Доколку тоа беше така лесно веќе оваа услуга ќе беше нашироко распространета, а работата на полицијата преполовена. Од истрага до судска пресуда, дури и кога ваква фирма би имала право да посредува за враќање на пари од измама – се потребни некогаш години, а никако само еден ден.
На крајот на декември, Вистиномер објави соопштение од СВР Тетово, коешто резонира со она што се случува во објавата која ја рецензираме:
Секторот за внатрешни работи-Тетово ги известува граѓаните дека е забележана зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути. Овие лица се рекламираат со лажни профили или спонзорирани реклами, често ветувајќи висока заработка и брзи добивки, со што успеваат да ги привлечат жртвите кои бараат начин да инвестираат, а откако ќе бидат оштетени продолжуваат со друг начин на измами при што на социјалните мрежи им излегува спонзорирана реклама за начин на враќање на изгубените средства со која исто така продолжуваат со измама на жртвата, пишува во соопштението на СВР Тетово.
Останати нереални и невистинити информации наведени на сајтот се дека „досега се вратени 2.5 милиони денари“, со 96 проценти „успешност“ и „400 затворени случаи“.
Доколку граѓаните станат жртви на онлајн измами, тоа треба да го пријават во МВР, а не на реклами во кои не фигурира ниту адреса на правното лице „посредник за враќањето на парите“, ниту пак, се знае со кого би стапиле во контакт, ниту која е законската рамка во која ваквите лица би можеле да ги вратат парите. Само се наведува дека тоа биле „експерти за враќање на парите“, но факт е дека не знаете всушност кому ќе му ги оставите личните податоци и како ќе се одвива измамата од нивна страна.
Слични вакви измами функционираат и во регионот.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар