Измама: Фејсбук објава нуди лажен поврат на данок од странство
Во Централен регистар и во УЈП се обидовме да најдеме фирма со наведениот матичен број и наведениот единствен даночен број, но таква не постои. Mатичниот број на фирмата: 987654, како и единствениот даночен број (ЕДБ): 123456789 се всушност последователни бројки, што веднаш асоцира на измама
Во Централен регистар и во УЈП се обидовме да најдеме фирма со наведениот матичен број и наведениот единствен даночен број, но таква не постои. Mатичниот број на фирмата: 987654, како и единствениот даночен број (ЕДБ): 123456789 се всушност последователни бројки, што веднаш асоцира на измама
Анализираме објава на Фејсбук која нуди наводни услуги за поврат на данок од странство.
Работевте во странство: Вратете го вашиот данок со euro tax. Поднесете апликација, добијте ги парите, стои во објавата.
Објавата содржи и копче „аплицирај сега“ кое ве води до посебна веб-страница каде што се бара од вас да пополните формулар со лични податоци по што би ве контактирале од фирмата за поврат на данокот.
На страницата пишува дека фирмата ги поседува потребните сертификати, а најдоле има и наводни податоци за фирмата, адреса, матичен број од централен регистар, ЕДБ и регистраски број.
Целата објава е веднаш сомнителна и поради тоа ги проверивме информациите кои таа ги содржи.
Прво, фејсбук страницата што ја споделува објавата не содржи никакви информации за компанијата. Таа има објавено само една фотографија и ништо повеќе. Страницата има 304 следачи. Во делот „за“ страницата можете да најдете коментар на чешки јазик кој укажува на тоа дека станува збор за измама која се шири во Чешка.
Од самото тоа очигледно е дека станува збор за лажна фејсбук страница.
Понатаму, фејсбук страницата се вика Incom Law, што нема врска со името на фирмата што ја рекламира. Фирмата се вика Euro tax, а пак домејнот којшто ве води до веб-страницата на компанијата е со сосема трето име – yasoril.info.
Информациите дадени за фирмата, најдоле на веб-страницата, исто така се невалидни. Имeно, кога ја впишавме посочената адреса на Гугл мапс, таму не најдовме фирма со вакво име, туку фризерница.
Во Централен регистар и во УЈП се обидовме да најдеме фирма со наведениот матичен број и наведениот единствен даночен број, но таква не постои. Имено, матичниот број на фирмата: 987654, како и единствениот даночен број (ЕДБ): 123456789 се всушност последователни бројки, што веднаш асоцира на измама.
Исто така, на веб-страницата е посочено дека фирмата ги поседува потребните сертификати, но такви сертификати нема прикачено.
Така што, од авион се гледа дека целата објава е измама.
Доколку граѓаните станат жртви на онлајн измами, тоа треба да го пријават во МВР. Граѓаните не треба да веруваат на реклами во кои не фигурира ниту адреса на правното лице „посредник за враќањето на парите“, ниту пак, се знае со кого би стапиле во контакт, ниту која е законската рамка во која ваквите лица би можеле да ги вратат парите. Во ваквите објави само се наведува дека тоа биле „експерти за враќање на парите“, но факт е дека не знаете всушност кому ќе му ги оставите личните податоци и како ќе се одвива измамата од нивна страна.
Слични вакви измами функционираат и во регионот.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар