Измама: Гордана Димитриеска Кочоска не рекламира „платформа за тргување“ – не уплаќајте 14.288 денари!

Не постои никаква „владина платформа за тргување со учество од само 14.288 денари“. Станува збор за софистицирана измама и граѓаните не треба да ги оставаат своите лични и банкарски податоци на линкот кој е оставен во склоп на овој лажен и манипулативен маркетинг, со кој се злоупотребува авторитетoт на министерката за финансии како институција задолжена за финансиите во Северна Македонија, a со цел да се измамат граѓани и да бидат мета на финансиска злоупотреба

Не постои никаква „владина платформа за тргување со учество од само 14.288 денари“. Станува збор за софистицирана измама и граѓаните не треба да ги оставаат своите лични и банкарски податоци на линкот кој е оставен во склоп на овој лажен и манипулативен маркетинг, со кој се злоупотребува авторитетoт на министерката за финансии како институција задолжена за финансиите во Северна Македонија, a со цел да се измамат граѓани и да бидат мета на финансиска злоупотреба

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Само 3 проценти од луѓето знаат за ова! Дознајте како да имате корист веднаш.

Во склоп на објавата се споделува фотографија од министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која е фотомонтирана врз невистинита содржина во која е злоупотребено логото на „Канал 5“ телевизија и која гласи:

Вредни вести! Тргувањето на владинската платформа со учество на специјалисти носи приход од 1.285.920 денари месечно со инвестиција од само 14.288 денари. Регистрацијата е отворена.

Не постои никаква „владина платформа за тргување со учество од само 14.288 денари“. Станува збор за софистицирана измама и граѓаните не треба да ги оставаат своите лични и банкарски податоци на линкот кој е оставен во склоп на овој лажен и манипулативен маркетинг, со кој се злоупотребува авторитетoт на министерката за финансии како институција задолжена за финансиите во Северна Македонија, a со цел да се измамат граѓани и да бидат мета на финансиска злоупотреба.

Кога ќе се пристапи на линкот се доаѓа до сосема фабрикувана содржина којашто никогаш не била објавена на „Сител“  ниту на која било друга телевизија. Во содржината се злоупотребуваат кадри од гостување на министерката за финансии во „Сител“ додека во самата „најава“ се злоупотребува логото на сосема друга телевизија – „Канал 5“. Невистинито во целата содржина се тврди дека била создадена апликација која дозволува секој да се збогати. За оваа лажна содржина да заличи на веродостојна, објавено е име на непостоечки новинар „Александар Абази“. Името не постои како новинарско име во Северна Македонија, тоа е измислено. Додаден е и лажен датум 22 мај 2025 година, за да се симулира дека станува збор за ново гостување на министерката за финансии иако посочениот кадар е стар (од пред 9 месеци)  и во нејзиното вистинско гостување во „Сител“ таа не зборува за никаква „апликација која дозволува на секого да се збогати“.

Самиот факт што во посочениот материјал невистинито се додадени имиња на фиктивен „новинар“ измислен од страна на авторот на манипулативниот маркетинг, како и тоа што стар прилог од кој се украдени кадри е претставен како нов односно со датум 22 мај 2025 година е доволен доказ дека станува збор за измама и невистина. Но, има и други докази. Прво, новинарката која е на кадарот е Славица Арсова, а не измислената „Трајанка Златановски“. Во емисијата чии кадри се злоупотребени воопшто не станало збор за апликацијата што се споменува – FortuixAgent и граѓаните не треба да ѝ веруваат на оваа апликација, ниту пак, да уплаќаат пари на неа. Во самиот текст има бројни граматички и синтаксички грешки затоа што не е веродостоен туку креиран со намена да измами граѓани да уплатат депозит „од само“ 14.500 денари со кредитна картичка.

Лажните и измислени изјави кои ѝ се атрибуираат на министерката за финансии одат дотаму што граѓаните се мамат дека 80 проценти од „влоговите“ биле успешни и дека апликацијата ќе тргува во нивно име купувајќи биткоин. Станува збор за измама во која се монтирани и наводно „успешни приказни на луѓе што пробале да тргуваат на платформата“, чии фотографии се земени од платформи за фотографии и споделеното не претставува вистинско искуство, туку е измислено за да ги намами граѓаните да потпаднат под оваа финансиска измама. На крајот на содржината монтирани се и невистинити наводно „позитивни искуства од инвеститорите“, меѓутоа не станува збор за вистински луѓе кои вистински добиле нешто на оваа платформа, туку за искуства генерирани со помош на алатки за монтажа.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Граѓаните не треба да веруваат во платформи кои од нив сензационалистички бараат да направат влог од своите парични средства, притоа злоупотребувајќи и монтирајќи им лажни изјави на функционери. Целта на сето тоа е да бидат жртви на финансиска измама.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција