Измама: Измислено интервју со Минчев лови жртви на социјалните мрежи
Во оваа измамничка објава се промовира апликација FortuixAgent за која, како што лажно се тврди во објавата што ја рецензираме, ќе ви донесе многу пари преку тргување со криптовалути ако вложите 14 500 денари.
Во оваа измамничка објава се промовира апликација FortuixAgent за која, како што лажно се тврди во објавата што ја рецензираме, ќе ви донесе многу пари преку тргување со криптовалути ако вложите 14 500 денари
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
Милиони имаат право! Само 2% од граѓаните знаат за ова. Аплицирајте за бенефиции сега!
Во склоп на објавата е споделено невистинито и фабрикувано интервју во кое е злоупотребен идентитетот на министерот за јавна администрација Горан Минчев, но и логото на „Канал 5“ телевизија. Во објавата се споделува целосно невистинита содржина којашто му се атрибуира на министерот Минчев, односно атрибуирани му се изјави кои никогаш не ги дал, а злоупотребени се и обележја на „Канал 5“ телевизија со цел граѓаните да паднат во замката на опасна финансиска измама.
Во склоп на објавата има линк од целосно измислено интервју на Минчев, со кое во негово име се дезинформираат граѓаните дека ќе добиваат пари преку апликација која тргува со криптовалути.
Во измисленото интервју е злоупотребено и логото на Телма телевизија, како и новинарката на Телма, Тамара Грнчаровска.
Во оваа измамничка објава се промовира апликација FortuixAgent за која, како што лажно се тврди во објавата што ја рецензираме, ќе ви донесе многу пари преку тргување со криптовалути ако вложите 14 500 денари.
За да започнете, од корисниците се бара да направат првичен депозит од само 14,500 македонски денари, што може да се направи со која било кредитна картичка. Откако ќе се направи депозит, алгоритмот презема целосна контрола, скенирајќи го пазарот и извршувајќи занаети со прецизност на професионален трговец, стои во написот.
Во измисленото интервју е пренесено и искуството на извесен Димитар Наидовска, кој наводно од апликацијата заработил 2,833.33 македонски денари во добивка, по само 3 минути од уплатата.
Станува збор за апликација којашто доколку пристапи до личните и банкарските податоци на граѓаните што се таргетирани, таа ќе ги олесни нивните банкарски сметки, односно граѓаните ќе станат жртва на измама.
Министерот Минчев, владата и сите други финансиски државни институции никогаш не информирале за вакво нешто и целата содржина на рекламата претставува измислица и производ на шема за измами.
„Вистиномер“ и претходно рецензираше слична измама која функционира со истиот модус-операнди. Мета на овие лажни реклами се бројни релевантни и познати личности од светот на политиката и јавниот живот.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина и измама.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар