Измама: Киппер не доделува 870 специјални ќеси со подароци

Дека оваа наградна игра е невистинита, покажува фактот што истата не е споделена на официјалната Фејсбук страница на Киппер маркетите која има повеќе од 150 илјади допаѓања. Фејсбук страницата од којашто е споделен постот e новокреирана, нема други содржини освен лажната наградна игра. Не е првпат преку лажни Фејсбук страници во кои честопати има само еден пост, да се злоупотребуваат брендови на македонски и странски компании и преку лажно претставување во нивно име, да се тврди дека се делат награди

Дека оваа наградна игра е невистинита, покажува фактот што истата не е споделена на официјалната Фејсбук страница на Киппер маркетите која има повеќе од 150 илјади допаѓања. Фејсбук страницата од којашто е споделен постот e новокреирана, нема други содржини освен лажната наградна игра. Не е првпат преку лажни Фејсбук страници во кои честопати има само еден пост, да се злоупотребуваат брендови на македонски и странски компании и преку лажно претставување во нивно име, да се тврди дека се делат награди

 

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се споделува лажна наградна игра во која е злоупотребен брендот на Киппер маркети.

За да го прослави отворањето на новата продавница, тимот на @KIPPER ќе испрати 870 специјални кеси за подароци на сите што ќе споделат и ќе напишат „Благодарам“ пред 31 март. Со среќа!, се вели во објавата на лажната наградна игра.

Постот е доста вирален и има преку 1.200 коментари и повеќе од 800 споделувања во моментот на нашата рецензија. На оние кои коментирале под објавата им се даваат дополнителни инструкции:

Вашиот подарок речиси се обработува! Секогаш прво треба да го завршите процесот на валидација. За да го направите тоа, едноставно споделете ја оваа објава во вашите 8 групи на Фејсбук. Откако ќе се направи ова, ќе бидат потребни 48 часа за да се провери сè. Ви благодарам и со среќа

Наградната игра е измислена, а за да се наведат корисниците на Фејсбук да мислат дека е веродостојна, се злоупотребува логото на Киппер маркети.

Не е првпат преку лажни Фејсбук страници во кои честопати има само еден пост, да се злоупотребуваат брендови на македонски и странски компании и преку лажно претставување во нивно име, да се тврди дека се делат награди. Всушност, во некои од овие постови, целта е да се соберат личните податоци на граѓаните, а во други постови целта е страниците од кои тие се шират да добијат голем број на лица што ги следат. Потоа тие страници се продаваат од анонимните администратори или им се отстапуваат на користење на други лица и им се менува името, за од нив да се споделуваат други содржини.

Дека оваа наградна игра е невистинита, покажува фактот што истата не е споделена на официјалната Фејсбук страница на Киппер маркетите која има повеќе од 150 илјади допаѓања.

Имајќи предвид дека самата ФБ страница e новокреирана, нема други содржини освен лажната наградна игра, како и фактот што компанијата Киппер на својата официјална Фејсбук страница предупредува дека истата е лажна, постот го оценуваме како невистинит и измамнички.

Постои пракса да се создаваат невистинити наградни игри на социјалните мрежи за која Вистиномер веќе пишуваше овде.

Корисниците на социјалните мрежи мора да бидат внимателни, претпазливо да ги проверуваат страниците и со резерва да пристапуваат кон ваквите наградни игри.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција