ИЗМАМА: Лажна е наградната игра за бесплатна куќа
Целта на ваквите објави е да соберат што е можно повеќе интеракции, за нивната фејсбук-страница да стане што е можно повидлива и да собере следбеници, а потоа истите страници се продаваат и од нив се заработува
Целта на ваквите објави е да соберат што е можно повеќе интеракции, за нивната фејсбук-страница да стане што е можно повидлива и да собере следбеници, а потоа истите страници се продаваат и од нив се заработува
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
БЕСПЛАТНА КУЌА
Од сега до 25 октомври, ќе подаруваме 19 мали куќички, случајно избрани врз основа на вашиот месец на раѓање. На пример, „март“.
Среќно.
Објавата е доста вирална и во моментот на нашата анализа има 1.700 допаѓања, 2.800 коментари и 3.200 споделувања.
Во коментарите, корисници на Фејсбук ги пишувале своите месеци на раѓање со цел да добијат бесплатна куќа.
Објавата уште на прв поглед делува измамничка. Прво мала е веројатноста некој туку-така да подарува куќа, без притоа да сподели конкретни информации за каква наградна игра станува збор, кој е организатор на наградната игра кои се точните правила на учество и добивка, како и каде ќе бидат прогласени добитниците и сл. Оваа објава не содржи ништо од наведените податоци.
Понатаму, објавата ја споделува Фејсбук-страница наречена „Мала куќа“ која има само 1.700 следбеници, а во делот за информации, нема наведено ништо. Нема име и адреса на фирма, нема контакт…

Во делот на транспарентност на страницата, наведено е дека истата е формирана на 24 октомври, дента кога е споделена и објавата за наводната наградна игра, што е и единствена објава.

Од сето ова станува јасно дека се работи за измама, односно за лажна наградна игра.
Целта на ваквите објави е да соберат што е можно повеќе интеракции, за нивната фејсбук-страница да стане што е можно повидлива и да собере следбеници, а потоа истите страници се продаваат и од нив се заработува.
Граѓаните мора многу да внимаваат на кого веруваат и на кого ги доверуваат своите податоци. Ако страницата не содржи основни информации за фирмата и е релативно нова, таа сигурно има за цел само да привлече што е можно повеќе кликови преку лажни и атрактивни објави.
Поради сето ова, оценуваме дека објавата што ја анализираме е невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар