Измама на Фејсбук го злоупотребува Орце Камчев за да ве натера да инвестирате во магла

Линкот под фотографијата во објавата води до генерирана веб-страница на која се претставува измислено интервју на Орце Камчев, при што е злоупотребено логото на сајтот „Курир“. Станува збор за текст чија цел е промоција на фиктивна платформа која е измама. Од корисниците на социјалната мрежа Фејсбук се бара да внесат лични податоци и се манипулираат дека лесно ќе заработат финансиски средства со трговија со криптовалути. Во меѓувреме интервјуто и платформата за „лесен профит со криптовалути“ се избришани

Линкот под фотографијата во објавата води до генерирана веб-страница на која се претставува измислено интервју на Орце Камчев, при што е злоупотребено логото на сајтот „Курир“. Станува збор за текст чија цел е промоција на фиктивна платформа која е измама. Од корисниците на социјалната мрежа Фејсбук се бара да внесат лични податоци и се манипулираат дека лесно ќе заработат финансиски средства со трговија со криптовалути. Во меѓувреме интервјуто и платформата за „лесен профит со криптовалути“ се избришани

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија од бизнисменот Орце Камчев и пишува:

Како да станете милионер. Достапно е за секого.

Кога ќе се пристапи до линкот под фотографијата тој води до генерирана веб-страница со фиктивна содржина, односно злоупотребено е логото на сајтот „Курир“ и се претставува измислено интервју Камчев.

Целата содржина во интервјуто е измислена, а фотографиите што се искористени не се направени за потребите на тоа интервју. Исто така, додаден е патетичен наслов:

Месијата од Северна Македонија: Кој е македонскиот врвен бизнисмен Јордан Камчев?

Станува збор за текст чија цел е промоција на целосно фиктивна платформа која е измама, а измамниците ја нарекле „Камчев инвест“. Целото измислено интервју е со цел да се промовира оваа платформа која воопшто нема да ви заработи пари, особено не на начинот на кој тоа се претставува со манипулативен маркетинг. Во измисленото интервју се кажува дека Камчев вложил 8.500 денари на оваа платформа, а за само 20 минути заработил уште 8.500 денари така што наводно оваа „платформа тргува со врвна технологија го анализира пазарот на трудот и со вештачка интелигенција заработува за вас“.

Кога ќе се види страницата на којашто е објавен текстот, тој не е навистина на домејнот на Курир, туку на некоја страница (исто така, во меѓувреме избришана), која почнува со следниов линк: Тоа е уште еден индикатор за измамата.

Во меѓувреме оваа веб-страница е избришана, но подолу ви прикажуваме скриншот од измисленото интервју со Камчев.

 

Фото: Принтскрин од исмисленото интервју со Орце Камчев (кликни за читлив формат)

 

Копчето за регистрација, најдолу од интервјуто, води до веб-страница на која од корисниците на социјалната мрежа Фејсбук се бара да внесат лични податоци и се манипулираат дека лесно ќе заработат финансиски средства со трговија со криптовалути:

Заработете 400.000,00 МКД месечно со најпаметниот софтвер за криптовалути во свет

Регистрирајте ги вашите податоци за веднаш да направите профит на пазарот на криптовалути

Но и оваа веб-страница во меѓувреме е избришана, а подолу ви прикажуваме скриншот од неа.

(кликни за читлив формат)

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција