Измама: Не оставајте банкарски податоци на лажната наградна игра за „Тему таен пакет“

Фото: Принтскрин

Откако ќе ги поминете трите про-форма прашања, потоа страницата ве носи до дезинформацијата дека сте добитник на тајна кутија и од граѓаните бара да ги остават своите лични податоци и податоци од кредитна или дебитна картичка за да наводно, им биде извршена доставата. Доколку тие ги пополнат полињата и наседнат на измамата, тогаш не само 120 денари, туку од картичката им се повлекуваат поголеми суми на пари бидејќи измамниците го добиле пристапот до нивните лични банкарски податоци и со нив располагаат.

Доколку некој сака да подари стока со голема вредност, како што лажно се тврди во објавата што ја рецензираме, зарем би барал од наводниот добитник пари за достава? Тоа е само едно од логичните прашања што ја разоткриваат оваа измама. Ниту некаква кутија со производи се појавува на нивната адреса, туку тие може само да изгубат финансиски средства од своите банкарски сметки. Има бројни елементи на Фејсбук страницата што ја откриваат нејзината неверодостојност

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Продавницата за апарати и стоки бесплатно подарува кутии со електроника, облека и други предмети кои се во складиште повеќе од 2 години за да привлече нови клиенти на своите производи и услуги.
Кликнете подолу за да дознаете како да ја добиете вашата кутија.

 

Во склоп на објавата се презентира фотографија од неколку пакети од платформата за интернет пазарување „Тему“, со препознатливата портокалова боја на пакетите и логото на „Тему“. Такви пратки во Северна Македонија не се испорачуваат, поточно, пакувањето на „Тему“ пратките не е во портокалова амбалажа.

Со помош на алатката за обратно пребарување на фотографии, „Вистиномер“ ја пронајде оваа фотографија со портокаловите „Тему“ пакети, објавена во 2023 година на Фејсбук страница со име „IShop Гамбија“. 

Истата фотографија е споделувана и во 2024 година на сосема друга Фејсбук страница со име Lunashopping paqueteria Estados Unidos a El Salvador. Откако верифициравме дека се работи за фотографија која не е автентична, туку споделувана и употребувана во повеќе контексти, продолживме со анализирање на другите елементи од објавата.

Фејсбук страницата од која таа се споделува, има општо име „Стоки за дома“ а во самата објава не се прецизира која компанија/фирма ги доставува или произведува истите. Со споделувањето на фотографијата од „Тему“ пакетите сепак, се прави обид за манипулирање на граѓаните за да тие автоматски помислат дека пакетите се од „Тему“. Страницата на Фејсбук од која се споделува повикот за лажната наградна игра, претставува добро изверзиран начин за измама на граѓаните да пополнуваат и оставаат свои лични податоци, вклучително и броеви на банкарски сметки и на таков начин, мислејќи дека плаќаат симболична цена за достава на наводен пакет со изненадувања или производи што „со години се во складиште“, да бидат измамени.

Ниту некаква кутија со производи се појавува на нивната адреса, туку тие може само да изгубат финансиски средства од своите банкарски сметки. Има бројни елементи на Фејсбук страницата што ја откриваат нејзината неверодостојност. На пример, оставената мејл адреса за наводен контакт од „Тему“ е на gmail. Вистинската страница на Тему, нема таква опција за контакт од корисниците, туку има посебно поле и формулар каде може да се обраќаат граѓаните за нивните нарачки или прашања.

Во склоп на објавата се споделува и најважниот измамнички елемент – самиот линк до страницата со лажната наградна игра. Страницата има домејн кој не е поврзан со ниедна компанија, вклучително ниту со „Тему“. Станува збор за прокси-страница која треба да симулира вистинитост, иако не е познато кој стои зад неа. Изобилува со печатни и граматички грешки како на пример „Тему таен кутија“. 

Исто така, невистинито се тврди дека „минатата година почнала кампања на Тему поради вишок на производи во Македонија“ и граѓаните се измамуваат со невистината „дека за 120 денари може да купат кутија производи што никогаш порано не ги купиле“. А како лажната страница со овој невистинит повик знае кои производи граѓаните ги купиле досега од „Тему“ не се открива, секако, бидејќи таа информација е само трик за измама.

Потоа следуваат прашањата дали некогаш сте купиле производи од „Тему“, дали неогаш сте купиле „таен кутија“ и дали имате 18 години. Откако ќе ги поминете трите про-форма прашања, потоа страницата ве носи до дезинформацијата дека сте добитник на тајна кутија и од граѓаните бара да ги остават своите лични податоци и податоци од кредитна или дебитна картичка за да наводно, им биде извршена доставата. Доколку тие ги пополнат полињата и наседнат на измамата, тогаш не само 120 денари, туку од картичката им се повлекуваат поголеми суми на пари бидејќи измамниците го добиле пристапот до нивните лични банкарски податоци и со нив располагаат.

На граѓаните им се препорачува да не наседнуваат на овие измами и секогаш кога ќе им се понуди нешто со наводно голема вредност, за кое треба да платат испорака, да не оставаат никакви лични податоци а најмалку податоците од банкарските сметки.

Доколку некој сака да подари стока со голема вредност, како што лажно се тврди во објавата што ја рецензираме, зарем би барал од наводниот добитник пари за достава? Тоа е само едно од логичните прашања што ја разоткриваат оваа измама.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција