Измама: Не се продава правосмукалка за 120 денари

Во постот се злоупотребува името и логото на Амазон, една од најголемите светски компании за е-трговија со седиште во САД. На официјалната страница на Амазон.ком најевтиниот модел на правосмукалката Duson V11 која се нуди во објавата на Фејсбук,  е 149 долари и не постои правосмукалка за 120 денари. Страницата што ја објавува наводната продажбата е создадена на 20 август 2022, но на 05 февруари годинава го променила името. За страницата нема никакви податоци- ниту седиште, ниту фирма, ниту контакт телефон

Во постот се злоупотребува името и логото на Амазон, една од најголемите светски компании за е-трговија со седиште во САД. На официјалната страница на Амазон.ком најевтиниот модел на правосмукалката Duson V11 која се нуди во објавата на Фејсбук,  е 149 долари и не постои правосмукалка за 120 денари. Страницата што ја објавува наводната продажбата е создадена на 20 август 2022, но на 05 февруари годинава го променила името. За страницата нема никакви податоци- ниту седиште, ниту фирма, ниту контакт телефон

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук за лажна промоција и продажба на правосмукалка за 120 денари.

Во објавата стои:

Нов помошник за домот за смешни пари. Продавницата нуди само 120 MKD за купување нова правосмукалка. Промоцијата завршува оваа недела,кликнете на копчето под сликата.

Во рамките  на постот се споделува и фотографија на којашто е прикажана прафосмукалката, а се гледа и логото на Амазон.

Но, се работи за измама!

Се злоупотребува името и логото на Амазон, една од најголемите светски компании за е-трговија со седиште во САД. Доколку се посети официјалната страница на Амазон.ком и се пребарува типот на правосмукалката Duson V11, која се нуди на фотографијата, ќе се види дека најевтиниот модел од овој тип на правосмукалка е 149 долари. На официјалната страница на Амазон цените на оваа фирма достигнуваат и до 699 долари.Не постои правосмукалка за 120 денари, ниту има промоција за таква цена.

Оваа објава, до моментот на нашата рецензија има 37 споделувања,  13 коментари и над 800 лајкови.

Доколку се провери транспарентноста на страницата, која ја објавува наводната продажбата, ќе се види дека таа е создадена на 20 август 2022, но на 05 февруари годинава го променила името. За страницата нема никакви податоци. Ниту седиште, ниту фирма, ниту контакт телефон. Очигледно е создадена наменски за измама. Иако се декларира како продавница за електронска опрема нема никаква понуда освен правосмукалката за 120 денари.

За измамата да биде поверодостојна под споделената објавата со лажна промоција има спам-ботови кои „сведочат“ дека наводно ја добиле правосмукалката за само 120 денари. Споделуваат и фотографии со цел да ги убедат корисниците на социјалните мрежи да наседнат на измамата. Доколку се проверат тие профили на Фејсбук ќе се види дека за нив нема никакви информации, повеќето имаат странски имиња, а пишуваат на македонски јазик.

Ако под објавата, кликнете за да „купите“ на копчето „аплицирај сега“ ,се бара одговор на куса анкета, а потоа се преземаат личните податоци на корисникот и се бара платежна картичка.

На страницата може да се прочита и една рецензија од измамен читател:

Ni se javuvaat Ni kontaktiraat a pari zemaat

Креирањето на лажни Фејсбук страници од непознати креатори со името и логото на познати брендови и неверојатно дарежливи и лажни наградни игри и промоции, се покажа како тренд, кој функционира на Фејсбук просторот, а чија цел е манипулација, собирање на лични податоци од страна на корисниците, а како што е овој случај и кражба од платежните картици.

Целта на овие страници е да споделуваат лажни објави за да генерираат сообраќај, но и да измамат што поголем број граѓани.

Поради сите горенаведени факти оваа објава на Фејсбук ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција