Измама: „Нептун“ не нуди „Маршал“ звучници за 612 денари
Во невистинитата објава, всушност се прави психолошки притисок врз граѓаните, да немаат време да размислуваат или да се премислат пред да ги остават своите банкарски податоци, затоа што им се става до знаење дека наводно – „уште 7 луѓе ја прегледуваат оваа понуда“. Невистинито се тврди дека „пакетот ќе биде доставен од 5 до 7 дена“ и се наведуваат корисниците на социјалните мрежи да „го пополнат формуларот за да го добијат својот Маршал звучник“. Но, тој формулар што се пополнува, служи само за измамниците да имаат пристап до платежните картички и банкарските податоци на граѓаните и да ги испразнат нивните сметки на измамнички начин

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија од звучник од брендот „Маршал“ и пишува:
60-годишнина на брендот Marshall!
По повод прославата, нудиме 60 звучници Marshall по специјална цена: https://tinyurl.com/mk-60-anniversaryПополнете краток формулар и преземете го вашиот звучник. Побрзајте, залихите се ограничени!

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар