Измама: „Нептун“ не продава Самсунг телевизори за 123 денари

„Нептун“ не е организатор на оваа наградна игра, а текстот што е споделен во објавата, за „девојката која 6 години се кршела од работа и ја избркале без причина“ е невистинит.

Важно е да се знае дека „Нептун“ не е организатор на оваа наградна игра, а текстот што е споделен во објавата, за „девојката која 6 години се кршела од работа и ја избркале без причина“, е невистинит

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која го злоупотребува логото на „Нептун“ и вели:

Ле⁢ле др⁢уш⁢тво

6 го⁢дин⁢и раб⁢оте⁢в ко роб⁢ во Ne⁢pt⁢u⁢n, а вч⁢ер⁢а ме из⁢⁢брк⁢аа без ни⁢какв⁢о обј⁢ас⁢ну⁢вање!⁢ Нов⁢иот мена⁢џе⁢р со н⁢ајго⁢лем⁢о ег⁢о – само ви⁢ка, п⁢он⁢ижув⁢а л⁢у⁢ѓе. Кон⁢ечн⁢о пукн⁢ав, дигн⁢ав гл⁢ас, и по⁢годе⁢те што – сè ⁢и н⁢атовар⁢ија мен⁢е. Про⁢даж⁢бата па⁢днала, к⁢ако⁢ да су⁢м јас един⁢ств⁢ена виновн⁢а?!

Не⁢мам⁢ што да изгубам веќе, затоа еве ви внатрешна инфо.

Годи⁢ни наназад персоналот само шепотеше, ама ни беше забрането да кажеме збор: постои скриена страница на сајтот на Neptun⁢ каде што можете да си земете Samsu⁢ng 55” UHD ⁢20⁢23 4K с⁢к⁢оро џабе. Да, т⁢очно ⁢слушнав⁢те.

Одгов⁢араш на пар пра⁢шања, системот те одобрува – и телевизорот ти стигнува дирек⁢т дома .

Оваа акција тивко т⁢рае до к⁢рајо⁢т на месецов, пошто чекаат нова пратка и мора да го исчистат стари⁢от маг⁢цин.

Линкот⁢ го став⁢ив во к⁢омент⁢ари Стра⁢ницата уште е активна – па ф⁢атете си, сп⁢одел⁢ете, не молчет⁢е.

Објавата е придружена со фотографија на која наводно се гледа Самсунг телевизор во кутија и фискална сметка наводно од „Нептун“ со износ од 123 денари.

Во склоп на објавата во коментарите се остава линк до наводна „анкета“ за која невистинито се тврди дека ако ја пополните ќе добиете пакет со производи. Меѓутоа, уште кога ќе се погледне самата адреса на веб-страницата станува јасно дека таа не е поврзана со домејнот на „Нептун“.

На веб страницата е понудена анкета со четири прашања кои откако ќе ги одговорите ве водат до нова страница на која ви се дава можност да отворите кутии за награда.

Една од кутиите е секако добитна.

Фото: Принтскрин

По овој чекор веб-страницата ве води понатаму да платите 123 денари за да го добиете наводно вашиот Самсунг телевизор.

Фото: Принтскрин

Од исклучителна важност е да се знае дека „Нептун“ не е организатор на оваа наградна игра, а текстот што е споделен во објавата, за „девојката која 6 години се кршела од работа и ја избркале без причина“ е невистинит.

На официјалната Фејсбук страница на „Нептун“ нема објава за таква наградна игра. Телевизори Samsu⁢ng 55” UHD ⁢може да се најдат на официјалната веб страница на „Нептун“, но не по цена од 123 денари.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистинита.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција