Измама: Пошта не доделува изгубени или заборавени пакети за 850 денари

Фејсбук страницата која ја споделува објавата, нема никаква врска со Пошта на Северна Македонија, туку е лажна. На неа има само две објави, а во делот за информации пишува само дека е формирана во Велес, но нема адреса, податоци за контакт, имејл. На официјалните Фејсбук и веб-страница на Пошта на С. Македонија не најдовме објава за можност да се купи изгубен пакет по цена од 850 денари

Фејсбук страницата која ја споделува објавата, нема никаква врска со Пошта на Северна Македонија, туку е лажна. На неа има само две објави, а во делот за информации пишува само дека е формирана во Велес, но нема адреса, податоци за контакт, имејл. На официјалните Фејсбук и веб-страница на Пошта на С. Македонија не најдовме објава за можност да се купи изгубен пакет по цена од 850 денари

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Официјално соопштение од Поштата

Само за 850 ден

Поштата ги информира граѓаните дека нуди посебна можност за купување на недоставени или изгубени пакети што не се подигнати од клиентите по симболична цена од 850 ден

Секоја година, значителен број пакети остануваат неподигнати од нивните приматели. За да се спречи овие производи да се фрлат, Поштата ги става на располагање на граѓаните како изненадувачки пакети, кои може да содржат:

технолошки уреди,

козметички производи,

облека,

телефони,

предмети за домаќинството и многу други производи.

Понудата важи 10 дена.

Ги покануваме сите граѓани да имаат корист од оваа единствена и транспарентна иницијатива.

Објавата споделува и фотографија на која се гледаат пакети со најразлични производи како стојат во некој магацин.

Фотографијата ја пребаравме на Гугл и ја најдовме на Тик ток видео објавено на албански јазик со слична содржина, дека се продаваат пакети со производи заборавени во пошта.

Фејсбук страницата која ја споделува објавата, нема никаква врска со Пошта на Северна Македонија, туку е лажна. На неа има само две објави, а во делот за информации пишува само дека е формирана во Велес, но нема адреса, податоци за контакт, имејл.

Во делот на Транспарентност на страницата, може да се забележи дека оваа страница досега неколку пати го менувала своето име.

За разлика од неа, официјалната Фејсбук страница на Пошта на С. Македонија има над 6 илјади следбеници и на неа можат да се најдат објави поврзани со активностите на Поштата. На страницата има информации за контакт, адреса, како и линк до официјалната веб-страница. На официјалните Фејсбук и веб-страница на Пошта на С. Македонија не најдовме објава за можност да се купи изгубен пакет по цена од 850 денари. Од сето ова, јасно е дека станува збор за измама.

Корисниците на социјалните мрежи треба да бидат исклучително внимателни доколку им се ветува награда од профил или страници на социјалната мрежа Фејсбук каде што нема други содржини, освен тие објави, доколку нешто како фонтот или името на страницата отстапува, или содржи печатни грешки, доколку не се оставени контакти и адреси на бизнисите итн.

Поради сето ова објавата ја оценуваме како невистина.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција