Измама: Пошта не продава изгубени пратки за 599 денари
Фејсбук страницата која ја споделува објавата, нема никаква врска со Пошта на Северна Македонија, туку е лажна. На неа доминираат објави со „изгубени пакети“, а во делот за информации нема адреса, податоци за контакт, имејл
Фејсбук страницата која ја споделува објавата, нема никаква врска со Пошта на С. Македонија, туку е лажна. На неа доминираат објави со „изгубени пакети“, а во делот за информации нема адреса, податоци за контакт, имејл
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
За само 599 денари – добивате 5 до 6 продукти по случаен избор!
Официјално известување од Поштата:
Поштата известува дека граѓаните можат да купат неиспорачани или изгубени пратки кои не биле подигнати од примателите, по симболична цена од 599 денари.
Голем број пратки секоја година остануваат неподигнати. За да не пропаднат, Поштата ги нуди на граѓаните како:
Понудата важи 10-12 дена!
Искористете ја оваа единствена и транспарентна можност!
Објавата споделува и фотографија на која се гледаат пратки како стојат во некој магацин.
Фотографијата ја пребаравме на Гугл и ја најдовме во објава на Фејсбук со слична содржина на унгарски јазик од 4 јули 2025 година.
Фејсбук страницата која ја споделува објавата, нема никаква врска со Пошта на Северна Македонија, туку е лажна. На неа доминираат објави со „изгубени пакети“, а во делот за информации нема адреса, податоци за контакт, имејл.

За разлика од неа, официјалната Фејсбук страница на Пошта на С. Македонија има над 6 илјади следбеници и на неа можат да се најдат објави поврзани со активностите на Поштата. На страницата има информации за контакт, адреса, како и линк до официјалната веб-страница.

На официјалните Фејсбук и веб-страница на Пошта на С. Македонија не најдовме објава за можност да се купи изгубен пакет по цена од 599 денари. Од сето ова, јасно е дека станува збор за измама.
Корисниците на социјалните мрежи треба да бидат исклучително внимателни доколку им се ветува награда од профил или страници на социјалната мрежа Фејсбук каде што нема други содржини, освен тие објави, доколку нешто како фонтот или името на страницата отстапува, или содржи печатни грешки, доколку не се оставени контакти и адреси на бизнисите итн.
Поради сето ова објавата ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар