Измама: Преку лажно интервју со премиерот се мамат граѓани за да им се олеснат сметките

Не е првпат преку вакви лажни вести во кои се злоупотребуваат имињата на јавни личности, да се мамат граѓани за да се соберат нивни лични податоци и да се „олеснат“ нивните сметки. Граѓаните мора многу да внимаваат на какви вести кликаат, за да не наседнат на измамите

Не е првпат преку вакви лажни вести во кои се злоупотребуваат имињата на јавни личности, да се мамат граѓани за да се соберат нивни лични податоци и да се „олеснат“ нивните сметки. Граѓаните мора многу да внимаваат на какви вести кликаат, за да не наседнат на измамите

 

Анализираме објава на Фејсбук која го злоупотребува името на премиерот Христијан Мицкоски со цел да измами корисници на социјалната мрежа за пари. Иста таква објава го злоупотребува и името на министерот за економија Бесар Дурмиши.

Нов закон за граѓаните на Македонија!Ако сте над 30 години прочитајте го ова, стои во објавата.

За објавите е злоупотребено и логото на веб-страницата на Канал 5 телевизија за да делува како вистинска вест и да ги намами следбениците да кликнат на неа. На сајтот на Канал 5 ваква вест не може да се најде.

Ваква информација премиерот нема соопштено ниту пак вакво нешто може да се најде на официјалната веб-страница на Владата.

Вистиномер провери за каква измама станува збор следејќи го линкот на објавата на Фејсбук. Тој ве носи на веб-страница erctaxcreditcompliace.net каде што е објавено наводно интервју со премиерот Христијан Мицкоски, кое го води новинарката Милка Смилевска и во кое премиерот наводно зборува за наводен процес на враќање на даноците со што секој граѓанин ќе може официјално да добие до 200 илјади македонски денари месечно.

Во лажното интервју кое е напишано со помош на Гугл транслејт, Мицкоски објаснува за некаков наводен систем преку кој граѓаните ќе ги добивале тие пари и притоа во неколку наврати го спомнува системот Приме Аурора до кој има и линк.  Доколку стиснете на линкот, ќе видите дека станува збор за измама со криптовалути и онлајн тргување.

Очигледно целта на оваа измама е да собере ваши лични податоци и да ве натера да „вложите“ 15,000 денари, односно да ви украде пари, имајќи предвид дека во лажното интервју со Мицкоски на неколку места се спомнува сумата од 15 илјади денари.

Не е прв пат преку вакви лажни вести во кои се злоупотребуваат имињата на јавни личности, да се мамат граѓани за да се соберат нивни лични податоци и да се „олеснат“ нивните сметки. Граѓаните мора многу да внимаваат на какви вести кликаат, за да не наседнат на измамите.

Поради сето наведено, објавата која ја анализираме, ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција