Измама: Самсунг Qled телевизори не се продаваат за 123 денари

Од фан-страницата Tools TV Macedonia се споделува реклама, придружена со фотошопирана фотографија на која се прикажани Самсунг телевизори од серијата Qled, а врз кутиите стои логото на Нептун и пишува дека телевизорите се продаваат по 123 денари. Но, ова е измама и нема никаква врска со компанијата Нептун која е злоупотребена за да се намамат корисниците. Овој огромен попуст не е објавен ниту на нивната официјална веб-страница, ниту на нивните профили на социјалните мрежи. Ваквите измамнички реклами обично имаат за цел да ги натераат корисниците да се регистрираат за некој производ и потоа од нив бараат информации за кредитна или дебитна картичка за да ја „завршат нарачката“

Од фан-страницата Tools TV Macedonia се споделува реклама, придружена со фотошопирана фотографија на која се прикажани Самсунг телевизори од серијата Qled, а врз кутиите стои логото на Нептун и пишува дека телевизорите се продаваат по 123 денари. Но, ова е измама и нема никаква врска со компанијата Нептун која е злоупотребена за да се намамат корисниците. Овој огромен попуст не е објавен ниту на нивната официјална веб-страница, ниту на нивните профили на социјалните мрежи. Ваквите измамнички реклами обично имаат за цел да ги натераат корисниците да се регистрираат за некој производ и потоа од нив бараат информации за кредитна или дебитна картичка за да ја „завршат нарачката“

 

 

На социјалната мрежа Фејсбук  се споделува  пост во којшто се нуди лажен попуст за Samsung Qled телевизори кои наводно може да се купат за 123 денари! (постот во меѓувреме е избришан)

За да ги намами своите жртви, рекламата е придружена со фотошопирана фотографија на која се прикажани кутии од Самсунг телевизори од серијата Qled, a врз кутиите на три места стои логото на Нептун, ланец на продавници за бела техника. Под логото пишува дека телевизорите Самсунг Qled се продаваат по цена од нереални 123 денари.

Но, ова е измама, не наседнувајте на вакви објави! Корисниците на социјалните мрежи треба секогаш да се сомневаат кога ќе видат реклама чија понуда се чини дека е предобра за да биде вистинита. Како што се посомневал овој корисник  кој предупредува дака се работи за голем измама.

Објавите за овој огромен попусти имаат низа коментари од лажни профили кои се обидуваат да ги легитимизираат чудните понуди. Па така корисници со имиња како Laura Rojas и Alfonso Rivero, пишуваат коментари на македонски јазик користејќи кирилица со цел да ги убедат останатите корисници на Фејсбук дека понудата е реална. Меѓутоа,  кога некој со име како Laura Rojas ќе напише коментар „Голема благодарност до продавницата за оваа можност! Ја добив мојата нарачка и многу сум задоволна од неа!“ или кога Alfonso Rivero ќе напише „Нарачката беше брзо потврдена, отповикана со назнака за датумот на испорака! Благодарам!“, треба одма да стане сомнително дека станува збор за некаква измама.

Дел од профилите коишто ги пишуваат коментарите прикачуваат фотографии од телевизори, со цел да ги убедат корисниците на социјалните мрежи дека објавата е реална, но не е! Некои дури прикачуваат и фотографии од други телевизори што не се серијата Qled.

Притоа, лажната објава за голем попуст, ги наведува корисниците на социјалните мрежи, за да може наводно да го добијат телефонот, да клинкат на копчето „Learn more“ кој пренасочува на друга веб-страница. Таму од оние што кликнале, се бара да пополнат прашалник кој вели: „Ако сакате да добиете Samsung, ќе треба да пополните прашалник за да потврдите дека сте вистинска личност“.

Овие насочени реклами за измама обично имаат за цел да го натераат корисникот да се регистрира за нешто и бара од корисниците информации за кредитна или дебитна картичка за да ја завршат акцијата.

Горенаведениот пример го користи името на ланецот продавници за бела техника Нептун за да ги убеди корисниците во неговата легитимност, но нема никаква  врска помеѓу оваа продавница и овие измамници. Овој огромен попуст не е објавен ниту на нивната официјална веб-страница, ниту на нивните профили на социјалните мрежи.

Всушност, реалната цена на овој телевизор се движи од 30.000 денари до 600.000 денари во зависност од спецификациите на моделот.

Фан-страницата Tools TV Macedonia од којашто се споделува попустот нема никаква комуникација со корисници, нема голем број на следачи и интеракции, нема наведено адреса и телефонски броеви. Сè што е објавено се неколку постови еден по друг за овој попуст.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција