Измама со злоупотреба на КАМ маркетите – нема да добиете пакет со намирници за 615 денари
Објавата е и финансиска измама, затоа што крајната дестинација до која води страницата е формулар во кој се бара од корисниците да ги пополнат своите лични и банкарски податоци, односно да „платат за достава“.
На официјалната Фејсбук страница на КАМ маркетите, која ја има сината значка како знак за автентичност и над 348 илјади следбеници, нема објавено ваква наградна игра, ниту информација за некаква специјална понуда. Објавата е и финансиска измама, затоа што крајната дестинација до која води страницата е формулар во кој се бара од корисниците да ги пополнат своите лични и банкарски податоци, односно да „платат за достава“
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Малкумина знаат за ова, но ако имате повеќе од 40 години, моментално можете да добиете голем пакет со намирници за само 615 денари. Мене ми кажа касиерката во продавница. Ми рече дека акцијата важи до 28 февруари на целата територија на Македонија. За да го добиете пакетот, треба само да пополните кратка форма на нивната веб-страница, да одговорите на неколку брзи прашања и да го оставите вашиот телефонски број. Потоа ќе ве побараат за да ја потврдат адресата за достава. И тоа е сè, пакетот ви го носат директно дома. Јас веќе си го нарачав и, искрено, бев пријатно изненадена. Има навистина многу производи, сите свежи и квалитетни. Многу сум задоволна. Ако на некого му биде од корист, ќе го ставам линкот во коментар.
Во склоп на објавата во првиот коментар е оставен линк кој води до лажна страница во која е злоупотребено логото, брендот и името на КАМ маркетите со цел измама и измамничко собирање на личните податоци на корисниците на социјалните мрежи. Не постои официјална наградна игра од КАМ маркетите каде ќе се добие голем пакет со намирници за 615 денари, ниту пак оваа невистина потекнува од менаџментот на компанијата.
Првиот показател за тоа дека се работи за невистина – наменски креираната веб-страница е на домејн кој не е поврзан со маркетите. Наводната „понуда“ не е објавена на официјалната страница на КАМ маркетите, ниту пак на нивната официјална Фејсбук страница. Домејнот од кој се споделува невистината е https://nordelialy.site/, сосема неповрзан со маркетите на КАМ.
Дополнително, во објавата има фотографија којашто е создадена со вештачка интелигенција од наводно „задоволната корисничка“ која што „го добила пакетот“. Кога „Вистиномер“ ја пребара фотографијата со обратно пребарување во пребарувачот „Гугл“, во полето за информации за сликата е наведено дека истата е создадена со помош на вештачка интелигенција.

На официјалната Фејсбук страница на КАМ маркетите, која ја има сината значка како знак за автентичност и над 348 илјади следбеници, нема објавено ваква наградна игра, ниту информација за некаква специјална понуда. Објавата е и финансиска измама, затоа што крајната дестинација до која води страницата е формулар во кој се бара од корисниците да ги пополнат своите лични и банкарски податоци, односно да „платат за достава“. По внесувањето на банкарските податоци, картичката е испразнета а граѓаните не добиваат никаков пакет со производи.
Маркетите КАМ во повеќе наврати предупредуваат за злоупотреба на нивниот бред во рамките на невистинити „акции“ на социјалните мрежи.
Ве советуваме да не ги споделувате вашите лични податоци доколку наидете на вакви објави! За да бидете сигурни дека сте на нашата вистинска страница, проверете дали постои СИНА ЗНАЧКА ☑️ до името на профилот – тоа е единствениот доказ дека се наоѓате на официјалниот профил на КАМ и дека информациите доаѓаат директно од нас, наведоа оттаму во минатото кога на сличен начин беше злоупотребувано нивното име.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар