Измама: „Тапервер“ не нуди сет кутии за складирање за 123 денари
„Тапервер“ е американска компанија која произведува и меѓународно дистрибуира садови за подготовка, складирање и сервирање за кујната и домот. Основана е во 1942 година од Ерл Тапер, кој го развил својот прв сад во форма на ѕвонче и ги претставил производите на јавноста во 1946 година. Во С. Македонија оваа компанија има официјална веб-страница, но на неа никаде нема никаква промоција на сет производи за 123 денари. Исто така и на официјалната Фејсбук страница на „Тапервер“ не најдовме никаква промоција на нивни производи за 123 денари
„Тапервер“ е американска компанија која произведува и меѓународно дистрибуира садови за подготовка, складирање и сервирање за кујната и домот. Основана е во 1942 година од Ерл Тапер, кој го развил својот прв сад во форма на ѕвонче и ги претставил производите на јавноста во 1946 година. Во С. Македонија оваа компанија има официјална веб-страница, но на неа никаде нема никаква промоција на сет производи за 123 денари. Исто така и на официјалната Фејсбук страница на „Тапервер“ не најдовме никаква промоција на нивни производи за 123 денари
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
Девојки, итно споделувам едно откритие!
Сосема случајно налетав на остатоци од специјалната понуда на Tupperware “Пролет 2025” (се чини дека важеше до 30 април, ама сајтот сè уште функционира )
Контенјерите ги даваат речиси за џабе — јас нарачав комплет за само 123,07 ден. И навистина ми стигнаа! Квалитетот е одличен, совршени се за кујна, замрзнување и детски грицки
Ви ја споделувам врската додека трае акцијата:
Побрзајте, пред сè да се распродаде!
Објавата споделува и линк до посебна веб-страница на која пишува: „Пролетна промоција од Tupperware – Добредојде пролет 2025!“.
По повод доаѓањето на пролетта и како благодарност за лојалноста на нашите клиентки, Tupperware подготви специјална понуда.
По пополнување на кратка анкета, ќе можете да го купите нашиот најпопуларен сет на контејнери за само 123,07 MKD.
Понудата е ограничена по количина, не пропуштајте ја шансата!, стои на страницата.
Она што е чудно и што прво паѓа во очи е „неверојатната цена“ на кутиите на „Тапервер“ која од 12 илјади денари е спуштена на само 123,07 денари. Тоа веднаш треба да ги алармира следбениците на оваа социјална мрежа дека станува збор за некаква измама.
Дополнително, домејнот на страницата не е поврзана со името Тапервер, туку гласи сосема поинаку (https://ravelo.pro/) и тоа е јасен сигнал дека станува збор за измама.
На страницата потоа се понудени три прашања кои откако ќе ги одговорите, ве носи до некаква наградна игра каде ви нуди да отворите три кутии.
Едната секако е добитна, па откако ќе ја добиете „неверојатната понуда“, се бара од вас да платите.
И секако тука настапува измамата бидејќи никакви кутии нема да добиете, а измамниците ќе имаат пристап до вашата сметка.
„Тапервер“ е американска компанија која произведува и меѓународно дистрибуира садови за подготовка, складирање и сервирање за кујната и домот. Основана е во 1942 година од Ерл Тапер, кој го развил својот прв сад во форма на ѕвонче и ги претставил производите на јавноста во 1946 година.
Во С. Македонија оваа компанија има официјална веб-страница, но на неа никаде нема никаква промоција на сет производи за 123 денари.
Отидовме и на официјалната Фејсбук страница на „Тапервер“ оставена на веб-страницата, но и таму не најдовме никаква промоција на нивни производи за 123 денари.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар