Измама: „Техномаркет“ не доделува апарат за кафе за 615 денари
Граѓаните не треба да ја пополнуваат табелата со лични податоци и со банкарски податоци која е оставена во склоп на објавата, бидејќи на таков начин измамници ќе дојдат до нивните лични и банкарски информации кои подоцна може да бидат злоупотребени – на измамнички начин може да се случи празнење на банкарските сметки а електричниот апарат со сигурност нема да пристигне.
Граѓаните не треба да ја пополнуваат табелата со лични податоци и со банкарски податоци која е оставена во склоп на објавата, бидејќи на таков начин измамници ќе дојдат до нивните лични и банкарски информации кои подоцна може да бидат злоупотребени – на измамнички начин може да се случи празнење на банкарските сметки, а електричниот апарат со сигурност нема да пристигне
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Апарат за еспресо Philips LatteGO 4300 за само 615 ден. Поради затворањето на нашите магацини во Македонија, започнуваме онлајн распродажба каде што секој може да купи Philips LatteGO 4300 по неверојатна цена. Кликнете на копчето „Дознај повеќе“ под објавата за да учествувате во нашата распродажба.
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ!!!Почитувани потрошувачи,ТЕХНОМАРКЕТ МАКЕДОНИЈА Ве известува дека се појавија лажни фејсбук страници кои го злоупотребуваат името на нашата компанија и шират лажни информации за продажба на производи.Доколку веќе сте споделиле Ваши податоци со овие лажни страници веднаш избришете ги и пријавете ги кај администраторите на фејсбук, а доколку се сомневате дека оставените податоци се веќе злоупотребени известете го одделот за компјутерски криминал при МВР. ТЕХНОМАРКЕТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје се оградува од сите дејствија настанати преку лажните фејсбук страници. Ве предупредуваме да не наседнувате, да не оставате Ваши податоци и да не учествувате во наградната игра зад која не стои официјалната страница на Техномаркет.Единствена фејсбук страница на Техномаркет Македонија е https://www.facebook.com/TehnomarketMakedonija/ а лажните страници се пријавени кај надлежните органи.Со почит,Техномаркет Македонија ДООЕЛ Скопје, се наведув во известувањето од компанијата.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар