Измама: Тему не затвора магацин и не продава тајни пакети за 120 денари
Домејнот на страницата каде од корисниците на социјалните мрежи се бара да ги остават своите лични податоци не е на Тему (https://www.temu.com), туку гласи сосема поинаку ( https://page-store10.quest) и тоа е јасен сигнал дека се работи за измама. Дополнително, не постои Тему во С.Македонија, туку пратките стигнуваат во точно определен рок за шипинг. Доколку оставите лични податоци огромна е веројатноста дека измамниците ќе имаат пристап до вашите банкарски податоци, по што ќе следува и загуба на финансиски средства кои ќе бидат повлечени од картичката
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се вели:
Мојот пријател работи во Teми и ми кажа дека еден од нивните магацини ќе биде затворен поради голем број артикли кои не се подигнати 3 години. По завршувањето на кратка анкета, можете да добиете пакет со опрема и додатоци.И јас го пробав и штотуку го добив пакетот, приложувам фотографија! Погледнете што добив, многу сум возбуден. Платив само 120 МКД.Кликнете на „нарачајте“.
За да биде уште поверојатна невистинитата „наградна игра“ под објавата се оставени и лажни коментари со правописни грешки, генерирани со вештачка интелигенција од „задоволни купувачи на кутијата“ кои не постојат туку се ботови.
Потоа на страницата следуваат три прашања, во кои исто така се забележува граматичка грешка: Дали некогаш сте купиле производи од Теми, дали некогаш сте купиле „Таен Кутија“ и дали веќе имате 18 години?
По одговарањето на овие прашања лажната страница ве води кон прозорец каде на екранот се наредени кутии од кои треба да одберете една, а имате три обиди.
Секогаш „комбинацијата е добитна“ па така сајтот ве пренасочува на страница каде измамници сугерираат дека треба да ги оставите личните и банкарските податоци за наводно да го добиете пакетот од 120 денари.
Станува збор за измама и доколку оставите лични податоци, огромна е веројатноста дека измамниците ќе имаат пристап до вашите банкарски податоци, по што ќе следува и загуба на финансиски средства кои ќе бидат повлечени од картичката.
Тему не е платформа од С.Македонија, туку е од Кина, а во земјава има еден доставувач на овие пратки односно компанија за достава, којашто воопшто не складира „кутии“.
Домејнот на страницата каде од корисниците на социјалните мрежи се бара да ги остават своите лични податоци не е на Тему (https://www.temu.com), туку гласи сосема поинаку ( https://page-store10.quest) и тоа е јасен сигнал дека станува збор за измама. Дополнително, не постои Тему во С. Македонија, туку пратките стигнуваат во точно определен рок за шипинг.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар