Измама: „Тетово Транспорт“ не нуди бесплатен превоз за 145 денари

Станува збор за измама која има за цел да ве навлече и да ви ја испразни сметката. „Тетово Транспорт“ нема никаква наградна игра за бесплатен превоз, а од претпријатието реагираа и на нивната официјална Фејсбук страница која има повеќе од 3,6 илјади следбеници, за разлика од Фејсбук страницата која ја промовира лажната наградна игра, а која има само 13 следбеници и ниту една друга објава освен објавата што ја анализираме

Станува збор за измама која има за цел да ве навлече и да ви ја испразни сметката. „Тетово Транспорт“ нема никаква наградна игра за бесплатен превоз, а од претпријатието реагираа и на нивната официјална Фејсбук страница која има повеќе од 3,6 илјади следбеници, за разлика од Фејсбук страницата која ја промовира лажната наградна игра, а која има само 13 следбеници и ниту една друга објава освен објавата што ја анализираме

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Бесплатен превоз за жителите на Тетово и околните места!

Tetovo Transport го прославува својот јубилеј со специјална картичка – Tetovo Transport Card со 6 месеци неограничено патување за само 145 MKD!

Земи ја својата нова картичка сега и уживај во неограничени патувања 6 месеци за само 145 MKD!

Побрзај – достапни се само 500 картички по специјалната цена од 145 MKD!

Следи ја врската за повеќе информации!

Објавата нуди и линк кој ве води да пополните кратка анкета за да ја добиете наводно картичката за бесплатен превоз за шест месеци.

Имате уникатна можност да добиете Tetovo Transport Card од водечката транспортна компанија Tetovo Transport. Со поддршка на градоначалникот, Tetovo Transport организира нов натпревар по повод својот јубилеј. Можете да добиете една од 500 лимитирани карти кои ви даваат пристап до сите јавни транспортни услуги во Тетово за 6 месеци. За да ни помогнете да ги подобриме нашите услуги, ве покануваме да пополните краток прашалник и да одговорите на три прашања, стои во најавата на веб-страницата.

Откако ќе одговорите на кратката анкета, ви се дава можност да отворите три кутии од кои едната е секако добитна и во неа се наоѓа наводно картичката за бесплатен шестмесечен превоз.

По ова, се бара од вас да ги оставите вашите лични и банкарски податоци, односно да платите 145 денари за да ја добиете картичката.

Станува збор за измама која има за цел да ве навлече и да ви ја испразни сметката. „Тетово Транспорт“ нема никаква наградна игра за бесплатен превоз, а од претпријатието реагираа и на нивната официјална Фејсбук страница која има повеќе од 3,6 илјади следбеници, за разлика од Фејсбук страницата која ја промовира лажната наградна игра и која има само 13 следбеници и ниту една друга објава освен објавата што ја анализираме.

Почитувани граѓани,

Ве известуваме дека е создадена лажна страница на Facebook која шири невистинити информации во име на ЈП “Тетовo Транспорт”. Ве повикуваме да не станете жртви на дезинформации и да добивате точни информации само преку нашите официјални канали.

Дополнително, ве информираме дека ЈП “Тетовo Транспорт” – Тетово не организира никакви наградни игри, затоа ве молиме да не паднете на можни измами.

За секоја вистинска вест или соопштение, ве покануваме да ја следите официјалната страница на ЈП “Тетовo Транспорт”.

Ве молиме да пријавите секоја сомнителна страница која шири погрешни информации и да нé известите доколку наидете на ваква или слична содржина.

Ви благодариме за разбирањето и поддршката!

ЈП “Тетовo Транспорт” – Тетово, се наведува во соопштението на ЈП „Тетово Транспорт“.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција