Измама: Внимавајте, се промовира лажен „чудотворен“ лек за колена
Oбјавата има за цел да ги измами следбениците да нарачаат од „чудотворниот лек“ за колена и на тој начин да оствари финансиска добивка од оние кои ќе поверуваат во напишаното и ќе бидат доведени во заблуда.
Oбјавата има за цел да ги измами следбениците да нарачаат од „чудотворниот лек“ за колена и на тој начин да оствари финансиска добивка од оние кои ќе поверуваат во напишаното и ќе бидат доведени во заблуда. Граѓаните мора многу да внимаваат што следат на социјалните мрежи и кому му веруваат, за да не бидат измамени
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
Го игнорирав болката во колената речиси две години. Мислев дека ќе помине сама од себе. Но, додека не отидов на лекар, веќе беше предоцна. Се викам Елена, имам 46 години и сум од Битола. Ова го пишувам со солзи во очите, за да не ја направите истата грешка што ја направив јас. Сè почна кога имав 44 години. Работев како продавачка — цел ден на нозе. Навечер почнаа да ме болат колената, но не обрнав внимание. Си мислев: само сум уморна, утре ќе помине. Но не помина. Девојки, ако ве болат колената наутро, пукаат кога ќе станете или ве болат навечер — престанете веднаш! Прочитајте што ми се случи кога решив да “почекам и видам”. Шест месеци подоцна, болката се влоши. Наутро, колената ми беа вкочанети, како да сум ги заглавила — ми требаше еден час за да попушти вкочанетоста. Навечер, болката се враќаше. Почнав да купувам масти од аптека — и скапи и евтини. Без никаков ефект. Не одев на лекар — се плашев. Уште една година подоцна, едвај можев да одам. Колената ми беа отечени и црвени; секој чекор беше болен. Не можев да спијам ноќе. Шефот ми ми кажа директно: или лекување или отказ. Па така, отидов на лекар. Ренген. Остеоартритис од трет степен. Хрскавицата беше уништена. Операција беше единствената опција — околу 150.000 денари. Операцијата не помогна. По месеци болка, завршив во инвалидска количка. Мажот ми ме остави. Останав сама со ќерка ми Јоана и огромен долг. Мајка ми дојде да ми помогне, иако и таа страдаше — ја болеа рацете и грбот. Гледав колку ѝ е тешко, но таа не кажа ништо. Ни останаа пари. Мислев дека е најлошо. Но, ја погледнав Јоана и сфатив — морам да се борам. Една вечер видов една емисија. Во неа зборуваше Михаил Паутов. Тој зборуваше за години истражување и за капсули за зглобовите кои ја намалуваат воспалението и ја поттикнуваат регенерацијата на хрскавицата. Тој објасни едноставно: капсулите делуваат од внатре, ја ублажуваат болката, го намалуваат воспалението и им помагаат на зглобовите да заздрават природно. Ја посетив веб-страницата. Прочитав стотици рецензии. Луѓе кои со години не можеле да одат, повторно можеле да се движат по еден курс со капсулите. Цената ме изненади. Откако потрошив десетици илјади на операција, капсулите чинеа речиси ништо. Мама рече: “Ајде да пробаме”. Нарачав. Капсулите пристигнаа неколку дена подоцна. Почнав да ги земам наутро и навечер, според упатствата. И мама почна да ги зема — имаше болки во грбот и во рацете. Првите два дена — ништо. Но, на третиот ден, болката се намали. Една недела подоцна, можев да го свиткам коленото со речиси никаква болка. Десет дена подоцна, излегов од инвалидската количка. Две недели подоцна, се шетав низ станот сама. Еден месец подоцна, одев нормално. Се вратив на работа. Мама се среди. Престанаа да ја болат рацете. Повторно си игра со Јоана. Денес пешачам без болка. Девојки, послушајте ме: Ако ве болат колената, грбот, вратот или рацете — НЕ ЧЕКАЈТЕ. Не дозволувајте да дојде до скапи операции кои би можеле да ви го уништат животот. Пробајте ги овие капсули за зглобови за кои зборуваше Михаил Паутов. Овие капсули ми го вратија животот. Ме извадија од инвалидската количка. Линкот е подолу. Кликнете на “Прочитај повеќе”. Не правете ја истата грешка што ја направив јас. Животот продолжува. Дури и кога лекарите ќе ви кажат да се “смирите”. Грижете се за себе.
Во објавата, жена наводно од Битола, промовира „чудотворен“ лек за колена која ја спaсил да не остане во инвалидска количка. За овој лек, како што се наведува во објавата, жената наводно дознала од извесен лекар Михаил Паутов кој во некоја емисија зборел за „години истражување и за капсули за зглобовите кои ја намалуваат воспалението и ја поттикнуваат регенерацијата на хрскавицата“.
Од самиот текст во објавата, односно начинот на кој е напишана, може да се забележи дека истата има многу јазични грешки, односно е пишувана со помош на Гугл транслејт. Нашата проверка покажа дека Михаил Паутов постои како лекар, но тој е романски лекар, специјалист по општа хирургија и трансплантација на црн дроб, кој работи во Клиничкиот институт Фундени во Букурешт. Значи, нема никаква врска со наведеното во објавата.
Објавата за повеќе информации нуди надворешен линк на кој кога ќе отидете, ќе видите реклама за „чудотворниот лек“ Артрофикс, за кој пишува:
Arthrofix е лек што може брзо да ја отстрани болката од остеоартритис и остеохондроза. Исто така, може да го намали грчењето на мускулите и воспалението. Arthrofix е ефикасен во лекувањето на остеохондрозата и остеоартритисот затоа што го забавува процесот на дегенерација на ‘рскавичното ткиво и го подобрува неговиот метаболизам, промовирајќи ја регенерацијата на ‘рскавицата на зглобот.
Наводниот лек се нуди по цена од 1.490 денари.
Го побаравме наводниот лек на веб-страницата на Централниот регистар за лекови, но не го најдовме, односно тој не е регистриран кај нас.
Очигледно е дека објавата има за цел да ги измами следбениците да нарачаат од „чудотворниот лек“ за колена и на тој начин да оствари финансиска добивка од оние кои ќе поверуваат во напишаното и ќе бидат доведени во заблуда. Граѓаните мора многу да внимаваат што следат на социјалните мрежи и кому му веруваат, за да не бидат измамени.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар