Измама: Внимавајте, се споделува лажна наградна игра на Ленор
Објавата што ја анализираме се промовира како наводна наградна игра, но таа нема јасно наведени правила, нема наведено кој ја организира наградната игра и сл. што укажува на тоа дека станува збор за лажна објава која има за цел да ве навлече и да ви ја испразни сметката.
Објавата што ја анализираме се промовира како наводна наградна игра, но таа нема јасно наведени правила, нема наведено кој ја организира наградната игра и сл. што укажува на тоа дека станува збор за лажна објава која има за цел да ве навлече и да ви ја испразни сметката
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Lenor подарува тест-пакети за перење!
Пополни кратка анкета и добиј подарок пакет за твојот дом!
Подготвивме специјални пакети со најпопуларните производи за перење и нега на алишта.
Внатре ќе ги најдеш најдобрите производи од Lenor + пријатни мириси кои ќе ги обожаваш.
По објавата има линк кој кога ќе го отворите ви нуди кратка анкета за да ја добиете наводно вашата бесплатна кутија со производи на Ленор.
Ленор ти дава можност да освоиш производи учествувајќи во нашата кампања, стои на веб страницатa.

Откако ќе одговорите на четири кратки прашања во стилот дали ги користите производите на Ленор и дали сте задоволни од нив, ви се дава можност да отворите три кутии од кои едната е секако добитна и во неа се наоѓа наводно подарокот пакет со Ленор производи. Со пакетот, добивате наводно и плус сет пешкири со логото Ленор.


По ова, се бара од вас да ги оставите вашите лични и банкарски податоци и да платите 1,95 евра за достава.

Дауни, исто така познат како Ленор (Lenor)во Европа, Тајван и Јапонија, е американски бренд на омекнувач произведен од „Проктер и Гембл“ (Procter&Gamble) кој беше претставен во 1960 година.
Брендот Ленор нема официјално претставништво (канцеларија или локален дистрибутер со седиште) во Северна Македонија. Производи на Ленор се продаваат во Македонија преку големите продавници и онлајн продавници.
Постојат наградни игри и промоции за Ленор, организирани од „Друштво за глобални комуникации Греј-Ворлдвајд ЛТД Скопје”, што укажува дека има локално присуство во маркетинг/продажба.
Објавата што ја анализираме се промовира како наводна наградна игра, но таа нема јасно наведени правила, нема наведено кој ја организира наградната игра и сл. што укажува на тоа дека станува збор за лажна објава која има за цел да ве навлече и да ви ја испразни сметката.
Поради сето ова, објавата ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар