Измамничка објава дезинформира дека „Папата оставил видео што ќе го шокира светот“

Фото: Korea.net / Korean Culture and Information Service (Photographer name), CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Објавата е пласирана истиот ден кога почина папата Франциск, но таа не го испорачува она што се тврди во насловот. Ниеден сериозен медиум во светот нема објавено „видео што го оставил папата, а кое го шокираше светот“, бидејќи такво не постои. Станува збор за измислен детал со цел да се натераат корисниците на социјалните мрежи да кликнат на дадената содржина, после што се пренасочувани на страница за содржини за возрасни, комплетно неповрзани со насловот што им се презентира

Објавата е пласирана истиот ден кога почина папата Франциск, но таа не го испорачува она што се тврди во насловот. Ниеден сериозен медиум во светот нема објавено „видео што го оставил папата, а кое го шокираше светот“, бидејќи такво не постои. Станува збор за измислен детал со цел да се натераат корисниците на социјалните мрежи да кликнат на дадената содржина, после што се пренасочувани на страница за содржини за возрасни, комплетно неповрзани со насловот што им се презентира

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Почина папата Франциск, оставил видео што го шокира светот…

Објавата е поставена истиот ден кога беше официјално објавено дека папата Франциск, врховен поглавар на Римокатоличката црква, 226-от римски бискуп и шеф на државата и суверен на Ватикан, почина на 88-годишна возраст. Меѓутоа, наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, не е точно дека „тој оставил видео што го шокирало светот“. Тој поголемиот дел од изминатите месеци беше во потешка здравствена состојба, дел од времето беше хоспитализиран, поточно помина повеќе од еден месец во болница поради пневмонија. Успеа да се врати на должностите за време на одбележувањето на Велигден, но почина на вториот ден на Велигден.

Ниту еден традиционален медиум во светот, нема објавено ваква информација, дека „папата оставил видео што го шокира светот“. Дека се работи за дезинформација односно кликбејт наслов, покажува и фактот што кога ќе се пристапи на линкот од објавата, тој не води до содржина за папата Франциск, туку води до страница со содржини за возрасни. Всушност, се работи за нова измама каде се креираат бројни постови со наслови коишто таргетираат на емоциите на граѓаните и на нивната желба да дознаат повеќе за „емотивно-наелектризирани“ настани, како што се на пример, смрт на позната личност (како во конкретниот случај). Но, тие објави не го испорачуваат она што  се тврди во насловот, така што граѓаните кои ќе кликнат на линкот од објавата воопшто нема да видат „видео од папата кое го шокирало светот“, туку ќе се почувствуваат измамени за нивното време и ќе бидат однесени на страница со содржини за возрасни.

Разликата меѓу вистински наслов и кликбејт наслов не секогаш се воочливи, особено кога пласираната тема на содржината е нешто за коешто публиката очекува да види „продолжение“ или да дознае повеќе информации во даден момент. Така, оваа конкретна содржина е пласирана непосредно по вистински настан, смртта на папата Франциск, но со дезинформирање дека „тој оставил видео што го шокирало светот“. Сензационалистичките наслови како тој во содржината што ја рецензираме, охрабруваат да се пристапи до статија, видео или фотографија, но наместо да се случи тоа, содржините се со сомнителен квалитет или сомнителна точност, а во конкретниот пример – воопшто нема ни содржина.

Има неколку заеднички елементи користени во кликбејт содржините, како неодредени наслови на пример.

Насочени кон вашите емоции и љубопитност ваквите кликбејт наслови целат да привлечат што е можно поголем број на кликови на нивниот сајт, зголемувајќи го на ваков начин својот профит од реклами. Не се заинтересирани за точноста или содржината, туку за тоа да добијат кликови. Ваквиот начин на привлекување на сообраќај на интернет е иритирачки, а во ситуациите кога се комбинира со невистини станува опасен.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција