Измамничка објава ветува дека ќе ги спаси граѓаните од измамници

Oбјавата што ја рецензираме е измама. Фотографијата на еден од адвокатите, претставен со измислено име, е украдена, вистинската адвокатска фирма, чие име е украдено, соопштува за тоа, потврдата за регистрација на наводната адвокатска фирма, би требало да им помогне на измамените, е фалсификат, а има и редица други елементи кои покажуваат дека станува збор за измамничка објава

Oбјавата што ја рецензираме е измама. Фотографијата на еден од адвокатите, претставен со измислено име, е украдена, вистинската адвокатска фирма, чие име е украдено, соопштува за тоа, потврдата за регистрација на наводната адвокатска фирма, би требало да им помогне на измамените, е фалсификат, а има и редица други елементи кои покажуваат дека станува збор за измамничка објава

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Се води активна борба против интернет измамите. Доколку сте станале жртва на измамници, верувајќи им на сомнителни платформи или инвестирајќи во ризични инвестиции, и ги изгубивте своите пари, ние сме тука да ви помогнеме.

Потоа линкот води кон страница на која пишува:

Дали ве измами интернет измамник? Ќе ви ги вратиме сите средства во рок од 24 часа. 

Првиот знак дека се работи за неверодостојна страница во која е злоупотребено името на адвокатскиот конзорциум Симонс и Симонс, претставува адресата на веб страницата. Адресата пак на страницата, воопшто не е на Симонс и Симонс, туку има сомнително име кое гласи Cascadeglimmer.vip. 

На дното од страницата е поставен наводен сертификат на компанијата, издаден во Финска, односно се тврди дека функционира во согласнот со законите. Но, темплејтот на кој е поставена лиценцата е многу сличен со оној на руски сајтови кои наводно ви нудат помош за заштита од измамници.

 

Самата адвокатска компанија Симонс и Симонс, на својот официјален веб сајт има поставено предупредување за измами во кои се злоупотребува нивното име. Адресата на официјалната страница е  simmons-simmons [dot] com.

Дополнително, на измамничкиот сајт е наведено претставништвото со истата адреса на која се наоѓа Сити Мол во скопската населба Карпош. Од друга страна пак, на сајтот на Симонс и Симонс, кој е веродостоен, претставени се сите нивни адреси на претставништва во Европа. Претставништво во Северна Македонија нема, туку има само во Луксембург, Белгија, Франција, Германија, Ирска, Италија, Шпанија, Холандија и Велика Британија.

Дополнителен факт дека објавата што ја рецензираме е невистинита е фотографија на еден од адвокатите, претставен со измислено име. Таа фотографија е украдена. Станува збор за оваа фотографија од Марко Боно од Милано Италија, супервизор за Симонс и Симонс.

Фото: Принтскрин

Сите ветувања на страницата се нереални и премногу добри за да бидат вистинити. Се бараат личните податоци на граѓаните, а потоа комуникацијата продолжува на телефон. Во дел од коментарите на социјалните мрежи се наведува дека се работи за чиста измама.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција