Измамничка објава ветува дека ќе ве спаси од измамници кои ви украле пари
Првиот показател дека страницата на која сте однесени по кликнувањето е фабрикувана, е самиот домејн. Тој гласи synthosphere.vip додека на страницата се претставува дека таа е на фирмата SATT FINANCE – британска компанија која врши сметководствени услуги и се занимава со финансиски менаџмент. Доколку веб-страницата навистина би била на SATT FINANCE, таа не би била на таков домејн кој нема никаква врска со името на фирмата. Уште еден начин на кој со сигурност може да сте уверени дека сајтот кон кој пристапувате во објавата што ја анализираме е измамнички, е тоа што на дното од страницата е наведена адреса во Москва, но таму нема никаква фирма како наведената на веб страницата, туку е наведена адреса на менувачница „Камкобанк“

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Западнавте во замка на измамници? Веќе повеќе од 10 години ги штитиме оние кои страдале од измамници.
Со објавата се споделува и фотографија со грбот на нашата држава, веднаш до логоата на весниците „Форбс“, „Волстрит журнал“ и на поранешниот македонски дневен весник „Дневник“ до кои стои и фабрикуван наслов „Проверете дали можете да ги вратите вашите украдени средства“.
Во објавата има копче „дознај повеќе“ кое кога ќе го притиснете ве води на посебна веб-страница, каде од граѓаните се бара да остават лични податоци по што ќе бидат контактирани.
Првиот показател дека страницата на која сте однесени по кликнувањето е фабрикувана, односно не е реална, е самиот домејн. Тој гласи synthosphere.vip додека на страницата се претставува дека таа е на фирмата SATT FINANCE. Станува збор за британска компанија која врши сметководствени услуги и се занимава со финансиски менаџмент. Доколку веб-страницата навистина би била на SATT FINANCE, таа не би била на таков домејн кој нема никаква врска со името на фирмата.
Уште еден начин на кој со сигурност може да сте уверени дека сајтот кон кој пристапувате во објавата што ја анализираме е измамнички, е тоа што на дното од страницата е наведена адреса во Москва, но таму нема никаква фирма како наведената на веб-страницата, туку е наведена адреса на менувачница „Камкобанк“. Адресата на фирмата SATT FINANCE се наоѓа во Лондон, Велика Британија и истата нема претставништво во Македонија.
Фејсбук страницата, пак, која ја промовира објавата, нема никакви објави и истата ја следат само 211 луѓе. Таа не содржи никакви информации за фирмата, што покажува дека станува збор за измамничка страница.
За вакви слични измами на социјалната мрежа Фејсбук Вистиномр веќе има пишувано.
Затоа не се препорачува да пополнувате никакви апликации, да не споделувате лични податоци, да не преземате софтвер кој ќе ви биде препорачан преку оваа страница.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар