Измамничка објава за непостоечка хуманитарна помош за лицата со оштетен слух
Објавата дезинформира дека населението во Македонија што страда од проблеми со слухот и ќе може дав поднесе барање ќе добие лек за третман со слухот. Станува збор за измама во која е злоупотребена и фотографија од хуманитарна помош која била испратена во Украина.
Објавата дезинформира дека населението во Македонија што страда од проблеми со слухот и ќе може да поднесе барање ќе добие лек за третман со слухот. Станува збор за измама во која е злоупотребена и фотографија од хуманитарна помош која била испратена во Украина
Рецензираме измамничка објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се наведува:
Веќе повеќе од 11.529 луѓе ја искористиле својата хуманитарна попуст! Побрзајте да го добиете својот социјален попуст преку програмата „ПОМОШ“. Социјалната програма „ПОМОШ“ отвара можност за сите на кои им е потребно лекување да добијат значителна поддршка — попуст од 50%. Преостанатите 50% од трошоците внимателно ги покрива Меѓународната здравствена организација, помагајќи на секого на патот кон здравје и благосостојба.
Секој што ќе поднесе барање денес, ќе добие лек за третман на проблеми со слухот!
Граѓаните примија помош од Црвениот Крст во форма на намирници за домаќинствата, шеќер, сол, паста, масло и конзервирана храна. Претседателката на локалната организација на Црвениот Крст во Украина Наталија Коновалова исто така додава дека покрај храната, луѓето добиваат и хигиенски сетови, пишува во текстот од украинскиот медиум.
Наталија додала дека почнала да работи за да им помага на евакуираните семејства од границата на 26 август годинава. Претходниот ден, работниците на Црвениот Крст заедно со Одделот за работа и социјална заштита на населението, ги транспортирале овие луѓе во Шостка.
Освен тоа што фотографијата која е употребена за лажно да се тврди во објавата што ја рецензираме дека е од некаква помош за Македонците, исто така, нема никаква официјална најава за таканаречена помош од Турција за третмани за слух за населението во Македонија. Тоа е измислица, која најверојатно во еден момент кога линкот под објавата бил активен, служела за да се измамат граѓаните и да оставаат свои лични и банкарски податоци.
Таков начин на функционирање на оваа и слични објави, Вистиномер веќе има констатирано во минати рецензии, каде со дезинформирање се наведуваат граѓаните да мислат дека ќе добијат некоја поволност, а потоа им се бараат пари за да им биде наводно извршена испораката.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Не е точно дека пристигнала помош за населението кое страда од проблеми со слухот во Македонија, ниту, пак, дека сите што ќе поднесат барање ќе добијат некаков лек за слухот.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар