Измамничка објава за вртоглава заработувачка промовирана со лажно интервју со Орхан Муртезани

„Вистиномер“ го пронајде оригиналното видео-интервју кое навистина се случило на 15.05.2025 година и кое не било ниту прекинато, ниту пак гостинот Орхан Муртезани зборувал на темата за која се тврди дека зборувал во невистинитата објава што ја рецензираме. Станува збор за измамничка објава со која се прави обид да се разубедат граѓаните со помош на лажен маркетинг да остават свои банкарски податоци на неверодостојна платформа за крипто трговија која е небезбедна и може да резултира со губење на финансиски средства.

„Вистиномер“ го пронајде оригиналното видео-интервју кое навистина се случило на 15.05.2025 година и кое не било ниту прекинато, ниту пак гостинот Орхан Муртезани зборувал на темата за која се тврди дека зборувал во невистинитата објава што ја рецензираме. Станува збор за измамничка објава со која се прави обид да се разубедат граѓаните со помош на лажен маркетинг да остават свои банкарски податоци на неверодостојна платформа за крипто трговија, која е небезбедна и може да резултира со губење на финансиски средства

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Ова можеби е последното интервју на Орхан Муртезани, целото студио беше шокирано од оваа информација.

Во склоп на објавата се споделува целосно фабрикувано, невистинито интервју кое министерот за европски прашања Орхан Муртезани никогаш не го дал, а се злоупотребува и логото на „Канал 5“ телевизија за да ѝ се даде веродостојност на оваа измама и граѓаните да поверуваат дека непостоечкото интервју било дадено на национална телевизија.

Орхан Муртезани не знаеше дека микрофонот беше вклучен кога зборуваше за тоа, па можно е никогаш повеќе да не го видиме на телевизија. Ова е тажен ден за цела Македонија, пишува во бомбастичната сензационалистичка објава во која се додава „тој не сакаше да го открие тоа во интервјуто“.

Потоа објавата продолжува до надворешен линк каде следува нова невистинита содржина „фановите бараат ослободување на Орхан Муртезани по контроверзното интервју“. Во склоп на интерфејсот, злоупотребено е логото на „Канал 5“ телевизија, но кога ќе се погледне хиперлинкот на страницата, јасно е дека тоа не е страницата на телевизијата туку е линк што почнува со https://floridatwirling.com/.

Во објавата има невистинити фотографии од непостоечки „протест“ за наводно ослободување на Муртезани откако, како што невистинито се тврди – тој дал интервју во кое открил доверливи информации што може да ѝ наштетат на економската стабилност на земјата. Не е вистина дека вакво интервју постоело ниту дека го правел новинарот Гоце Михајловски.

Во невистинитата содржина се промовира платформа за тргување FortuixAgent и преку злоупотреба на Муртезани и кадри од негово гостување во „Канал 5“ на сосема друга тема, се мамат граѓаните да „инвестираат“ 15 илјади денари за да тргуваат со крипто-валути. Но, со оглед на лажниот маркетинг, на оваа платформа не може да ѝ се верува. Не е точно наведеното во објавата дека Муртезани во студио во живо открил дека тој почнал да инвестира на оваа апликација, ниту пак дека поради тоа е обвинет за загрозување на македонската економија „зашто сите ќе почнат да заработуваат одеднаш и ќе почнат да си даваат откази“. Се работи за очигледна измама и невистина.

Кога ќе се пристапи до линкот оставен за платформата, може да се види текстот дека FortuixAgent е „инвестициска програма која е развиена во соработка со владата на сите земји од ЕУ со цел подобрување на животниот стандард на нашите граѓани и сега е достапна за сите корисници!“. И ова е невистина. Владата, Министерството за економија, Министерството за надворешни работи, Канцеларијата на ЕУ во Македонија, немаат објавено вакво известување! Доколку постоеше официјална ваква програма таа ќе беше промовирана не во интервјуа туку на владини прес-конференции и по официјални канали.

Дополнително, „Вистиномер“ го пронајде оригиналното видео-интервју кое навистина се случило на 15.05.2025 година и кое не било ниту прекинато, ниту пак гостинот Орхан Муртезани зборувал на темата за која се тврди дека зборувал во невистинитата објава што ја рецензираме.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција