Измамничка понуда: ТАВ не продава изгубен багаж за 123 денари

На официјалната веб-страница на скопскиот меѓународен аеродром има секција за загубен багаж и загубени предмети. Од страницата може да се информирате за сите процедури во случај на загубен багаж, меѓутоа дефинитивно нема ништо за наградна игра со туѓ изгубен багаж, како што невистинито се тврди во објавата која ја рецензираме. Напротив, на аеродромот во Скопје, кога има случај на загубен багаж или багаж што не е испорачан на дестинацијата, агентите од службата за изгубен багаж прават записник за нерегуларности на багаж и со него издаваат и референтен број за изгубениот или задоцнетиот багаж, со кој тој може дополнително да се следи и лоцира преку World Tracer Management

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Секоја чест!
Секоја година во магацинот се собираат голем број изгубени или заборавени куфери.
Меѓународниот аеродром Скопје можеше да ги фрли овие куфери, но организира хуманитарен настан и подарува заборавен багаж за сама 123,06 MKD по куфер.
За повеќе информации, посетете: (се додава линк од веб страница).
Во склоп на објавата има фотографија со многу куфери на неа, веднаш до пано на кое стои името на компанијата ТАВ. Од фотографијата се добива впечаток дека станува збор за загубен багаж, бидејќи таков натпис стои на таблата, заедно со цена од 123 денари. Кога ќе се пристапи до линкот под објавата, тој води до посебно креирана, лажна страница која има за цел да ги измами корисниците на социјалната мрежа Фејсбук дека влегуваат во учество во таканаречена акција или таканаречена наградна игра во која ќе добијат еден од куферите што се загубени а се претставени на фотографијата, по цена од 123 денари.
На страницата пишува:
Секоја година во магацинот се собираат голем број изгубени или заборавени куфери.
Меѓународниот аеродром Скопје можеше да ги фрли овие кеси, но организира хуманитарен настан и го дели заборавениот багаж за само 123,06 денари по торба.
Уште од овој текст со печатни, граматички и логични грешки станува јасно дека оваа објава е фабрикувана и невистинита и во неа се злоупотребува Mеѓународниот аеродром Скопје заедно со имиџот на компанијата ТАВ, а се со цел измама на граѓаните. Потоа следуваат три прашања, дел од кои, исто така, се нелогични:
  • Дали сте од Северна Македонија?
  • Дали некогаш сте се двоумеле да купите од аеродром Скопје?
  • Дали некогаш сте изгубиле багаж на аеродром?
По одговарањето на прашањата се отвора поле на екранот во кое корисникот има три обиди да одбере една од кутиите, по што добива известување дека наводно добил куфер и дека треба да плати само 123 денари за негова испорака и дека ќе му пристигне на адресата за 5 до 7 дена. Сето тоа е невистина, односно сите лични и банкарски податоци кои се бараат од граѓаните се со цел тие да бидат измамени под премисата дека плаќаат поштарина или достава, да ги дадат своите банкарски податоци кои потоа се злоупотребуваат и може да се искористат за да се испразни банкарската сметка.
На официјалната веб-страница на скопскиот меѓународен аеродром има секција за загубен багаж и загубени предмети. Од страницата може да се информирате за сите процедури во случај на загубен багаж, меѓутоа дефинитивно нема ништо за наградна игра со туѓ изгубен багаж како што невистинито се тврди во објавата која ја рецензираме. Напротив, на аеродромот во Скопје, кога има случај на загубен багаж или багаж што не е испорачан на дестинацијата, агентите од службата за изгубен багаж прават записник за нерегуларности на багаж и со него издаваат и референтен број за изгубениот или задоцнетиот багаж, со кој тој може дополнително да се следи и лоцира преку World Tracer Management.  На сајтот има и наведени временски интервали во кои може да се изврши преземање на пристигнатиот багаж.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција