Измислен говор ѝ се припишува на мексиканската претседателка Шајнбаум
Објавата споделува текст во кој мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум наводно саркастично му одговара на Доналд Трамп за изградбата на граничен ѕид и повикува на бојкот на американски производи. Нашата проверка покажа дека овој одговор на Шајнбаум е невистинит.
Објавата споделува текст во кој мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум наводно саркастично му одговара на Доналд Трамп за изградбата на граничен ѕид и повикува на бојкот на американски производи. Нашата проверка покажа дека овој одговор на Шајнбаум е невистинит
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум одговори на заканите на Трамп:
„Значи, гласавте за изградба на ѕид.
Па, драги Американци, дури и ако географијата не ви е силна страна – бидејќи ја гледате Америка како земја, а не како континент – треба да знаете дека 112 милиони луѓе живеат зад тој ѕид.
И бидејќи зборот „луѓе“ можеби не ви одговара, ајде да ги наречеме „потрошувачи“.
Овие 112 милиони потрошувачи можат да се префрлат од iPhone на Samsung или Huawei за помалку од два дена.
Можам да ги заменам Levi’s за Zara или Massimo Dutti и, во рок од шест месеци, да ги заменам Ford и Chevrolet со Toyota, KIA, Mazda, Honda, Hyundai, Volvo, Subaru, Renault или BMW – брендови кои често се подобрија.
Тие можат да го откажат Direct TV, па дури и ако не сакаат, можат да престанат да гледаат холивудски филмови во корист на поквалитетни продукции во Латинска Америка или Европа, кои нудат побогати наративи и подобра кинематографија.
Верувале или не, луѓето можат да го прескокнат Disney и наместо тоа да го посетат одморалиштето Xcaret во Канкун или да истражуваат дестинации во Мексико, Канада, Јужна Америка и… Европа.
Дури и во Мексико можете да најдете подобри хамбургери од „Мекдоналдс“, со супериорна хранлива вредност.
Дали некогаш сте ги виделе пирамидите во Соединетите Американски Држави?
Египет, Мексико, Перу, Гватемала и Судан имаат антички чуда – ниту едно од нив не е во Соединетите Американски Држави.
Да ги виделе, Трамп веројатно ќе ги купел и препродавал дотогаш.
Знаеме дека „Најк“ не е единствениот бренд за патики – тука е „Адидас“, па дури и мексикански брендови како „Панама“.
Ние ја разбираме економијата подобро отколку што мислите.
И исто така знаеме дека ако овие 112 милиони потрошувачи престанат да купуваат американски производи, невработеноста ќе се зголеми и вашата економија – заробена зад самонаметнат ѕид – ќе се сруши до тој степен што ќе нè молите да го срушиме.
Не сакавме да го направиме тоа, но… Сакавте ѕид?
„Па, имате еден.“
Нејзиниот рејтинг на одобрување достигна историски нивоа, а неодамнешната анкета го поддржува со 85%!
Објавата споделува текст во кој мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум наводно саркастично му одговара на Доналд Трамп за изградбата на граничен ѕид и повикува на бојкот на американски производи. Нашата проверка покажа дека овој одговор на Шајнбаум е невистинит.
Како што пишува Ројтерс, станува збор за порака што се споделува на социјалните мрежи најмалку од 2017 година и повторно се појавила во 2025 лажно припишана на Шајнбаум.
Истиот текст, без никакво споменување на Шајнбаум, бил споделен на англиски јазик и на шпански јазик на почетокот на 2017 година, по инаугурацијата на Трамп во првиот претседателски мандат. Некои постари примери ја завршуваа пораката со потписот „Со почит, остатокот од светот“.
Сепак, нема извештаи дека Шајнбаум го дала ова соопштение. Пораката не се појавува на нејзините официјални профили на социјални мрежи или во транскриптите на нејзините утрински конференции помеѓу 5 ноември, датумот на претседателските избори во САД во 2024 година, и 14 февруари 2025 година.
Од кабинетот на мексиканската претседателка за Ројтерс директно потврдиле дека таа не дала таква изјава.
Австралискиот ААП фактчек анализирал варијанта од истиот текст и заклучил дека нема докази оти Клаудија Шајнбаум ја дала изјавата. Истото го утврдиле и проверувачите на факти на Политфакт.
Иако таа има несогласувања со политиките на Трамп, анализите покажуваат дека нејзиниот јавен пристап кон САД е опишан како „внимателен и стратешки“, а не конфронтирачки. Во реални изјави таа се залага за дијалог и соработка наместо реторика за бојкоти.
Од сето ова можеме да заклучиме дека текстот што го споделува објавата не е автентична изјава на мексиканската претседателка и тоа е потврдено од повеќе независни фактекери. Пораката постои на интернет најмалку од 2017 година.
Поради тоа, објавата која ја анализираме ја оценуваме како невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар