Измислена изјава од кошаркарка, се споделува во анти-ЛГБТ наратив

Софи Канингам Фото: Lorie Shaull, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Кога „Вистиномер“ ја пребара наводната изјава на пребарувачот „Гугл“ добивме резултати токму од операција за дезинформации, и на ниеден кредибилен светски медиум не е објавена таква изјава од Софи Канингам, бидејќи станува збор за невистина.

Кога „Вистиномер“ ја пребара наводната изјава на пребарувачот „Гугл“ добивме резултати токму од операција за дезинформации, и на ниеден кредибилен светски медиум не е објавена таква изјава од Софи Канингам, бидејќи станува збор за невистина. Доколку познатата кошаркарка навистина дадеше таква изјава, тогаш таа ќе беше тема на обработка на светските медиуми што не е случај

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Така е Софи, не треба да не боли уво што ќе кажат за нас: пе*ери, ле*би, фрикови, либерали, атеисти, ционисти, сатанисти, комунисти, феминистки, лажни филантропи, лоу левел IQ медиокритети кои Бог знае како ги киднапираа сите раководни позиции во општеството! Само цврсто или ќе ни се посерат на глава!

Во склоп на објавата се споделува наводна изјава на кошаркарката Софи Канингам која гласи:

Не ми е гајле и цел свет да ме нарекува контроверзна, да се присилуваат спортистите да го носат симболот на ЛГБТ заедницата претставува претворање на спортот во политички циркуз. Јас сум Софи Канингам, играм за моите фанови, за мојот тим, и за самата игра, не за било какво движење.

Како што пишуваат проверувачите на факти на „Лид Сторис“ ваква изјава воопшто не била дадена ниту од кошаркарката Софи Канингам, ниту од плејада други спортисти на кои им биле невистинито атрибуирани слични изјави, со сличната анти-ЛГБТ конотација. Спортистката никогаш нема дадено ваква изјава. Дезинформацијата потекнува од меме на социјалните мрежи, поточно како што пишуваат проверувачите на факти на „Лид Сторис“, од Фејсбук објави генерирани со вештачка интелигенција од спам-операција менаџирана од Виетнам.

Кога „Вистиномер“ ја пребара наводната изјава на пребарувачот „Гугл“ добивме резултати токму од оваа операција за дезинформации и на ниеден кредибилен светски медиум не е објавена таква изјава од неа, бидејќи станува збор за невистина. Доколку познатата кошаркарка навистина дадеше таква изјава, тогаш таа ќе беше тема на обработка на светските медиуми што не е случај.

Проверувачите на факти на „Лид Сторис“ со пребарување на Фејсбук се обиделе да идентификуваат и други лажни објави од оваа серија, вклучително и преку пребарување на клучните зборови „mandatory wearing of LGBT armbands a political charade plays for“. Во лажните објави биле наведени имињата на 19 спортски ѕвезди, меѓу кои: Арон Бун, Одри Вандагриф, Брајс Харпер, Кејтлин Кларк, Колсон Монтгомери, Девин Букер, Ели Де Ла Круз, Иса Торес, Ајзаја Еванс, Хуан Сото, Мунетака Мураками, Маја Перез, Ник Ларки, Ниџари Канади, Никита Кучеров, Роналд Акуња Џуниор, Самјуел Хојберг и  Шохеи Отани.

Периодов има вистинско меме од Софи Канингам, кое што беше искористено дури и од Белата Куќа на социјалните мрежи.

Но, тоа вирално меме, кое што е вистинито, нема никаква врска со ЛГБТ симболите туку со шега и забавен наратив.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција