Измислена наградна игра: Самсунг не доделува 400 мобилни телефони

На официјалната Фејсбук страница на „Самсунг Македонија“, не може да се најде објава со ваква содржина. Исто така и на официјалната Фејсбук страница на Кипер маркет нема ваква објава.Очигледно е дека станува збор за лажна објава, а тоа може да се примети од големиот број грешки во интерпункцијата, граматиката и јазичноста, како и тоа што страницата има само еден пост . Официјалната Фејсбук страница на Самсунг изгледа многу поинаку, таа е професионално одржувана има преку 161 милион следачи, секојдневни професионални рекламирања, информации за фирмата, линкови до официјалната веб страница, телефони за контакт 

На официјалната Фејсбук страница на „Самсунг Македонија“ не може да се најде објава со ваква содржина. Исто така и на официјалната Фејсбук страница на Кипер маркет нема ваква објава.Очигледно е дека станува збор за лажна објава, а тоа може да се примети од големиот број грешки во интерпункцијата, граматиката и јазичноста, како и тоа што страницата има само еден пост. Официјалната Фејсбук страница на Самсунг изгледа многу поинаку, таа е професионално одржувана има преку 161 милион следачи, секојдневни професионални рекламирања, информации за фирмата, линкови до официјалната веб страница, телефони за контакт 

 

 

Пост на Фејсбук, користејќи го логото на компанијата „Самсунг“ споделува објава за наводна наградна игра. Во постот објавен од страница насловена како „Самсунг Фанс“ се измамуваат и манипулираат граѓаните дека компанијата позната по продажба на електроника, ќе подари 400 мобилни телефони. Станува збор за Фејсбук страница креирана пред неколку дена на која нема никакви податоци.

За да ја одбележиме 56-годишнината од SAMSUNG оваа година, денес нашата компанија одлучи да подари 400 мобилни телефони. Првите 400 луѓе што ќе пронајдат друг број освен {555} на сликата, ќе го однесат дома овој неверојатен телефон! * Со среќа.
Не заборавајте да го зачувате вашето име, се вели во објавата.

Притоа, од следбениците на социјалната мрежа Фејсбук се бара да се регистрираат и да ја побараат наводно нивната награда на линк на кој се појавува фoтографија од Кипер маркет.

Постот е многу вирален, тој има над 460 коментари и над 670 споделувања. Во дел од коментарите има и порака од администраторот на страницата во која се вели:

Споделете за да победите 🎁
не заврши да одговорите на мојата порака
На официјалната Фејсбук страница на „Самсунг Македонија“, не може да се најде објава со ваква содржина. Исто така и на официјалната Фејсбук страница на Кипер маркет нема ваква објава.
Очигледно е дека станува збор за лажна објава, а тоа може да се примети од големиот број грешки во интерпункцијата, граматиката и јазичноста, како и тоа што страницата има само еден пост.

Техниката што се употребува во постот што го рецензираме веќе е позната во дигиталниот свет и го носи името „лајк фарминг”. Владата на Австралија преку својот центар за сајбер безбедност го опишува овој феномен на следниот начин:

Лајк фарминг претставува употреба на мрежен инженеринг, како соодветни приказни или фотографии, со кои се убедуваат голем број корисници на социјалната мрежа да ја лајкнат содржината. Многу од овие приказни се лажни и се дел од измама која што подоцна се користи за да се заработат пари од изложеноста и големата виралност генерирана од големиот број на допаѓања (лајкови) и споделувања на страницата.

Постовите кои се користат во „лајк фарминг“, честопати се потпираат на емоциите на луѓето, односно им даваат емотивни причини да кликнат и да споделат, како на пример, прекрасни неодоливи животни, болни деца, ветувања за голема награда и добивка или политички пораки.

Официјалната Фејсбук страница на Самсунг изгледа многу поинаку и е професионално одржувана. Таa има преку 161 милион следачи, секојдневни професионални рекламирања, информации за фирмата, линкови до официјалната веб страница, телефони за контакт итн., односно има голем број информации кои ја гарантираат нејзината веродостојност. На таа страница не се споменува никаква наградна игра.

Поради сите горенаведени факти, постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција