Измислица е дека Халина Хачинс требало да снима документарец за педофилија во Холивуд

Фото: commons.wikimedia.org

Постот што го рецензираме е невистинит. Халина Хачинс немала во план, ниту била инволвирана во документарен филм за наводна педофилска мрежа во Холивуд. Телевизискиот агент на Хачинс, Крег Мизрахи тоа го потврдиле за „Ју Ес Еј Тудеј“. Оваа измислица е само преведена на македонски, но потекнува од  забавен сајт каде што и самите може да креирате измислена содржина, наречен ,,Светски сиви вести” (Wolrd Grey News)

Постот што го рецензираме е невистинит. Халина Хачинс немала во план, ниту била инволвирана во документарен филм за наводна педофилска мрежа во Холивуд. Телевизискиот агент на Хачинс, Крег Мизрахи, тоа го потврдил за „Ју Ес Еј Тудеј“. Оваа измислица е само преведена на македонски, но потекнува од  забавен сајт, наречен ,,Светски сиви вести” (World Grey News), каде што и самите можете да креирате измислена содржина

 

 

Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се изнесени неточни информации, а  според наративот, дури и самиот автор е свесен дека шири лаги и дезинформации, но тоа воопшто не го спречува да ја продолжи започнатата мисија на повторување на дезинформациите во надеж дека тие ќе станат вистина.

Краткиот опис на постот се однесува на неодамнешното убиство на холивудската продуцентка Халина Хачинс, трагедија која е во центарот на вниманието на американската и светската јавност. Актерот Алек Болдвин во трагичен инцидент во текот на снимањето на филмот „Р’ѓа“ во американската држава Ново Мексико, смртоносно ја застрела директорката на фотографија на филмот, Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза. Халина Хачинс, и покрај обидите да биде спасена, набрзо починала во болница каде била пренесена со хеликоптер. Обвинение нема покренато против никого, а се расветлуваат деталите околу тоа како пиштол наполнет со вистинска муниција, му бил даден на актерот Болдвин, со тврдење дека е празен.

Оваа трагедија, во постот што го рецензираме, се вади од контекст, односно се прикажува во сосема поинакво светло. Во постот се вели дека убиството на Хачинс не е случајно и трагичниот настан се поврзува со информацијата дека Хачинс, наводно, подготвувала документарен филм за разобличување на педофилски синџир во Холивуд.

Се разбира, ако нешто побарате на таа тема на интернет, ќе најдете дека независните „фактчекери“, односно оние кои наводно ја проверуваат вистинитоста на вестите што се објавуваат, велат дека тоа е лага. (Очекуваме и за овој текст да стават таква етикета), се вели во постот што го рецензираме, од што станува јасно дека свесно се шири манипулацијата, иако неименуваниот автор знае дека приказната не е поткрепена со докази.
Вистината е дека режисерката Хачинс, која трагично загина на сетот на филмот, никогаш немала во план да снима документарец за некаква педофилска мрежа во Холивуд.
Проверувачите на факти на „Ју Ес Еј Тудеј“ се обратиле до телевизискиот агент на Хачинс, Крег Мизрахи, кој рекол дека ниту таков документарец се подготвувал, ниту, пак, Хачинс работела на него.
Халина не работеше, не беше поврзана и не беше контактирана за никаков следен документарец. Нејзините единствени проекти планирани за во иднина, беа традиционални наративни филмови, вели Мизрахи во изјава за весникот.

Од каде потекнува лагата дека Халина Хачинс имала намера да снима документарец за педофилија во Холивуд? Оваа измислица е само преведена на македонски, но потекнува од  забавен сајт каде што и самите може да креирате измислена содржина, наречен ,,Светски сиви вести” (World Grey News).

Во описот на вебсајтот пишува:

Целта и намената на овој вебсајт е забава. Користете го за да се шегувате со вашите пријатели. Не сме одговорни за содржината на написите. Ако некоја содржина ве навредува, испратете ни линк на [email protected] и ќе го избришеме написот.

 

Дури има и формулар (темплејт) за да влезете на сајтот и да си креирате ваша сопствена измислена вест.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека постот што го рецензираме е невистинит. Халина Хачинс немала во план, ниту била инволвирана во документарен филм за наводна педофилска мрежа во Холивуд. Тоа е измислица.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција