Измислица е дека вакцините се стари 5 години и со поминат рок

Фото: pixnio.com

Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека вакцините на Ковид-19 се произведени пред 5 години и се со поминат рок. Ова, освен што е лажна вест, туку и нема никаква логика, ни допир со реалноста.

Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека вакцините на Ковид-19 се произведени пред 5 години и се со поминат рок. Ова, освен што е лажна вест, туку и нема никаква логика, ни допир со реалноста.

Да не речете после не сме Ви кажале , вакцините за ковид 19че се со поминат рок. Според нашиот свиркач кој е шајка со оние од СЗО вакцините се приизведени пред 5 години.

Оваа бесмислена објава го привлекла вниманието на еден куп корисници на социјални мрежи. Има над 380 интеракции  (споделувања, коментари и реакции).

Ковид-19 е болеста предизвикана од новиот коронавирус наречен САРС-КоВ-2. Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО) вирусот прв пат е регистриран на 31 декември 2019 година, откако се појавил кластер на „вирусна пневмонија“ во Вухан, Народна Република Кина.

Оттогаш па навака неколку фармацевтски компании работат на изнаоѓање соодветни, безбедни и ефективни вакцини кои што ќе бидат одговор на овој нов вирус.

Во Фејсбук објавата се тврди дека вакцините се произведени пред пет години и се со поминат рок, но не е појаснето за кои вакцини станува збор. Практично е невозможно сите одобрени и неодобрени вакцини, кои се околу 50 на број, да се во исто време произведени и сите да се со поминат рок.

Притоа, процесот на производство и чување на вакцини не се прави туку-така, ами подлежи на строги протоколи и контроли од СЗО. Откако ќе се докаже дека вакцините се безбедни и ефикасни, тие мора да бидат одобрени од националните регулатори, потоа се произведуваат според строги стандарди и соодветно се дистрибуираат.

Па, оттука се поставува прашањето како може вакцината за нов вирус, кој постои нешто помалку една година, да биде стара 5 години? Како може вакцини кои сè уште не се произвеле да бидат со поминат рок? Одговорот е едноставен: не може. Затоа оваа објава е бесмислена и невистинита.

За производството и дистрибуцијата на вкацините има и видео клипови снимени од страна на реномирани медиумски организации барем кога станува збор за првата вакцина на производителот Фајзер. На пример, во овој видео клип од 2 декември, значи само од пред 2 недели, има кадри од производството на вакцината, објавени од реномираниот британски „СкајЊуз“, а еве уште еднo видео од дистрибуцијата на вакцината од 13 декември, објавено од Си-Би-Ес Њуз, една од трите национални комерцијални терестријални телевизиски станици во САД, која е, исто така, реномирана и која постои со децении. Едноставно, невозможно е некој да може да ги измами овие два медиуми од два различни континенти, покрај уште десетиците други кои снимија и објавија слични снимки и тоа да не се открие. Како што е невозможно и сите тие медиуми да се дел од заговорот, зашто тоа би значело дека за него знаат стотици, ако не и илјадници луѓе и никој да не проговори и да не разоткрие еден таков наводен заговор.

Оваа објава е дел од кампањата против вакцините и вакцинирањето што масовно се шири преку различни типови на лажни објави. Вакви објави имаат за цел да ја убедат јавноста дека вакцините се штетни и претендираат да го одвратат населението од вакцинирање, кое е единствениот спас светот да се избори со овој нов вирус, кој веќе зарази над 70 милиони луѓе, а животот го загубија 1.6 милиони.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција