Извештајот на Европската комисија ја демантира ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ/веб

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ изезе со став во кој се детектира невистина:

Зоран Заев и неговата криминална влада во изминативе три години ништо не направија. Оваа влада единствено сервираше на граѓаните лажни ветувања. Датумот за отпочнување на преговори за членство во ЕУ Македонија требаше да го добие многу порано. Единственото нешто кое СДСМ го направи изминатите три години е тоа што го промени уставното име на државата. Граѓаните на Република Македонија од Заев добија порази и понижувања.

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ – Соопштение – датум: 04.03.2020]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ излезе со став и оценка дека поранешниот премиер Зоран Заев и неговата „криминална влада“, како што се наведува во соопштението, во изминатите три години ништо не сториле за земјата и граѓаните – оценка која очигледно е невистината.

Сооштението и оценката на ВМРО- ДПМНЕ се повторува два дена по ред, по соопштението на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија во исполнуувањето услови за започнување преговарачки пристапен процес кон Унијата. Токму оттука може да се тргне за да се оцени ставот/изјавата на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, Европската комисија во документот, којшто претставува ажурирање на последната оценка од 2019 година од мај, тврди дека земјата направила дополнителни реформски чекори во неколу области: реформа на јавната администрација, реформа на правосудството и справување со организираниот криминал и корупција, рефрома на безбедноните служби, итн. На овој линк може да се види накусо што содржи извештајот, а јавноста која сака да се информира изворно, може да ги види линковите тука и тука.

Имајќи предвид дека и формалното зачленување во НАТО е прашање на некоја недела, бидејќи треба да помине само во Горниот дом од шпанскиот Парламент, се добива аргумент повеќе за спротивна оценка од онаа на ВМРО-ДПМНЕ.

И трет аргумент може да бидат клучните параметри во државата – растот на БДП, намалената бројка на нвработени лица, зголемување на приходната страна на буџетот и, секако, повеќе издатоци на расходната страна во планирани инвестиции во луѓе или во капитал, порастот на минималната и просечната плата, итн.

Имајќи ги предвид овие два-три аргументи, оценките на ЕК, приемот во НАТО и базичните економски параметри се повеќе од доволно за оценката во изјавата/сооопштеие на ВМРО-ДПМНЕ да се оцени како невистина. Тоа е празно и паушално тврдење на партијата, дури и имајќи предвид дека никој, па ни ЕК, не тврди дека во земјата се случиле чуда.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Тео Блажевски

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција