Известувањето не смее да биде „пи-ар“ на политиката

Се приближуваат изборите, се палат пропагандните мотори и обично новинарската објективност знае да попушти. Текстовите што треба да бидат новинарски *се повеќе заличуваат на партиски соопштенија наместо да понудат информација. Во вакви случаи авторите користат промотивни термини и помпезност слични на информација типична за секторите за односи со јавноста. Политичките партии ги гледаат медиумите повеќе како механизам да ја убедат целната група да освојат што е можно повеќе гласови и да ја „рекламираат“ својата работа, а со тоа некои онлајн-медиуми забораваат на разликите помеѓу односите со јавноста и новинарството и се ставени во служба на одредена политичка партија. Таков е текстот што го разгледувавме

 

Фотографија од веста што се рецензира

Линк до оригинален напис: „Невиден ентузијазам, ФБ се блокира со билбордите на ДУИ“  Entuziazëm i paparë, bllokohet FB me billbordat e BDI-së

Датум на објавување: 15.12.2019

Датум на рецензија: 17.12.2019

Рецензира: Ајнур Бафќари

 

 

Во текстот што го разгледуваме авторот посветува стихови на политичката партија на која му го посветува целиот текст. Целокупната содржина „од глава до пети“ е со пофалби и во никој случај не може да се нарече новинарски напис. Авторот на текстот нуди свои ставови со цел да влијае врз јавното мислење, во текст што е претставен како новинарски напис, но, кој воопшто не личи на тоа.

 „Дека ДУИ е голема како политичка партија не бара многу длабинска анализа, доволно е да се избројат победите од нејзиното основање и да се заклучи со зборот ’непобедливата ДУИ‘. Интересен показател дека ДУИ е сила се случи вечерва по објавувањето на промотивното видео на четвртиот конгрес на партијата, при што ’Фејсбук‘ се обои во сино со боите на партијата“, се наведува во текстот.

Читателот клика да се информира, а добива „реклама“


Содржината на текстот остава впечаток дека станува збор за „платено политичко рекламирање“, додека она што нè збунува е фактот дека истиот текст е ставен во рубриката вести. Во овој текст, она што се гледа со голо око е политичката пристрасност, односно манипулација со вестите чија главна цел е да фрлат позитивно светло врз одреден политички субјект. Авторот со ова ги крши принципите на Кодексот за новинарство во кој во еден член се вели:

Кодекс на етика на новинарите, чл. 14
„Известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.“

„Залудни“ бројки, проценти и предвидувања


Авторот зборува за зголемување на политичката моќ на засегнатата партија, воведува бројки, проценти, предвидува победа, но никое од нив не го заснова со текстуално појаснување или аргументација. Зборува за внатрепартиски ставови, кои наводно бараат сегашниот лидер да остане на чело на партијата и во наредните 4 години, но сето тоа го става во воздух, нема извор на информации, ниту референци, нема ништо.

Коментарот мора да биде јасно одвоен од известувањето

Авторот цело време промовира политички ставови, без притоа да споделува факти и да стави јасна граница меѓу нив и коментарот, цело време е субјективен, нема баланс, зазема страна и ги вклучува сите коментари како составен дел од текстот. Да се потсетиме дека за коментирање, постои одредена толеранција доколку новинарот одржува одредено емотивно растојание од настаните и ако тој или таа своите ставови ги базира на аргументи, но коментарот мора да биде јасно одвоен од известувањето и не треба да ја оптоварува веста со субјективниот дискурс на новинарот или медиумот.

Употребени се повеќе концепти на манипулација

Авторот во својот текст користел многубројни концепти на манипулации, како што се селективните докази, каде што во отсуство на факти, се потпира исклучиво на промотивно видео на партијата, презентирајќи го како факт за поддршка на своето тврдење. Авторот, во исто време, игнорира сè друго што е против ова тврдење. Авторот исто така наместо факти, избира да ги пласира своите верувања со цел да предизвика емоции. Додека преку манипулативниот концепт „ефект на набљудувано очекување“, авторот им придава поголема вредност на резултатите, и покрај тоа што не ги заснова врз какви било студии, за да ги демантира очекувањата на тие што не го поддржуваат.

Немојте да бидете жртва на манипулации!

За читателите да можат да разликуваат дали станува збор за новинарски производ или само за „платено политичко рекламирање“ треба да имаат предвид една работа: пристрасност и коментар во корист на политичка партија, предвидување дека може да биде победничка или хиперболата во нејзина корист, која е наменета само да ги импресионира читателите и да го пере мозокот. Понекогаш насловот зборува многу, ако видите ваков наслов, бидете убедени дека текстот не е наменет за да ве информира.

 

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција