Јакимовски: Заев рече дека Мијалков и Груевски не се прислушувани, а секој ден ги слушаме

 

Претседателот на ГРОМ и градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски во интервју за телевизија 24 Вести изјави:

Зоран Заев, вели дека само Мијалков и Груевски не се прислушувани на тие снимки, а секој ден ние слушаме снимки од нив двајца.

[Медиум: 24Вести, 24Анализа, Датум: 6 март 2015]

Севче Јакимовски, градоначалник на Карпош, на 24Вести. Фото: видео клип скриншот
Севче Јакимовски, градоначалник на Карпош, на 24Вести. Фото: видео клип скриншот

 

Образложение:

Оваа изјава не е вистинита затоа што лидерот на СДСМ Зоран Заев точно рече дека сите документи покажуваат како Македонија е поделена во два света.

Во едниот се Груевски и Мијалков кои политички и финансиски живеат од прислушувањето, а во другиот сме сите ние – чија приватност и уставни права се целосно погазени. Од сите што биле прислушувани, а се на значајни опшествени позиции, нема само прислушувани разговори помеѓу Никола Груевски и Сашо Мијалков. Значи само нивните телефони не биле ставени во машината, освен кога зборувале со некој друг, па така ги има. Но, никогаш кога зборувале меѓу себе.

 

Линкови:

A1он (09.02.2015) Интегрално: Прес-конференцијата на Зоран Заев, [Пристапено на 12.03.2015], http://a1on.mk/wordpress/archives/448662

24Вести (06.03.2015) Анализа-Интервју [Пристапено на 12.03.2015], http://24vesti.mk/24-analiza-06-03-2015 или http://www.dailymotion.com/video/x2iuz7k_анали3а_news

Јутуб (09.02.2015) Прес на СДСМ [Пристапено на 12.03.2015] https://www.youtube.com/watch?v=bZfsb-Uzkeo

 

Оценил: Владо Ѓорчев

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција