Јапонија не ги прогласила мРНК вакцините против ковид за најсмртоносен лек во историјата на човештвото

Токио Фото: Jezael Melgoza on Unsplash

Објавата се повикува напис од српскиот сајт „Нулта тачка“ објавен на 8 ноември 2024 година. Станува збор за заговорнички веб-сајт кој за време на ковид пандемијата, но и откако почна вакцинацијата, ширеше дезинформации. „Вистиномер“ ја разгледа страницата на јапонското Министерство за здравство, кое е надлежно за спроведување на здравствените политики во државата и никаде не најдовме ништо објавено што би било слично со тврдењето дека Јапонија ја прогласила мРНК вакцината против ковид за најсмртоносна. Доколку такво нешто имало, тоа сигурно би било објавено од страна токму на Министерството за здравство на Јапонија

Објавата се повикува напис од српскиот сајт „Нулта тачка“ објавен на 8 ноември 2024 година. Станува збор за заговорнички веб-сајт кој за време на ковид пандемијата, но и откако почна вакцинацијата, ширеше дезинформации. „Вистиномер“ ја разгледа страницата на јапонското Министерство за здравство, кое е надлежно за спроведување на здравствените политики во државата и никаде не најдовме ништо објавено што би било слично со тврдењето дека Јапонија ја прогласила мРНК вакцината против ковид за најсмртоносна. Доколку такво нешто имало, тоа сигурно би било објавено од страна токму на Министерството за здравство на Јапонија

 

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

Јапонија и официјално ги прогласи мРНК вакцините против ковид за „најсмртоносен лек во историјата на човештвото“.

Објавата всушност споделува напис од српскиот сајт „Нулта тачка“ објавен на 8 ноември 2024 година.

Станува збор за заговорнички веб-сајт кој за време на ковид пандемијата, но и откако почна вакцинацијата благодарение на која пандемијата беше ставена под контрола, ширеше дезинформации.

Во текстот на „Нулта Тачка“ кој е споделен во објавата, не е наведено од кои доктори доаѓа наводната декларација која треба да ги претстави вакцините како најсмртоносниот лек во историјата на човештвото. Не се наведени ни докторите кои би требале да ги претставуваат „врвните научници“ кои наводно дошле до таков заклучок. Нашите пребарувања на интернет не резултираа со ниту една содржина со таков опис, освен онаа на „Нулта тачка“ што е споделена во објавата.

На официјалната веб-страница на Министерството за здравство на Јапонија, се наведува дека вакцината против ковид-19 е одобрена откако нејзината ефективност и безбедност се потврдени и откако студиите што биле извршени дома и во странство, покажале дека кај сериозни случаи била превенирана сериозна болест, хоспитализација или смртен исход во случај на коронавирусна инфекција. Исто така, јасно е дека во календарот за имунизација на Јапонија, вакцините се апдејтираат со нови, приспособени вакцини. Тоа не би се правело, ако „Јапонија ја прогласила мРНК вакцина против ковид за најсмртоносна во историјата на човештвото“, како што се тврди во објавата која ја анализираме.

„Вистиномер“ ја разгледа страницата на јапонското Министерство за здравство кое е надлежно за спроведување на здравствените политики во државата и никаде не најдовме ништо објавено што би било слично со тврдењето во објавата дека Јапонија ја прогласила мРНК вакцината против ковид за најсмртоносна. Доколку такво нешто имало, тоа сигурно би било објавено од страна токму на Министерството за здравство на Јапонија, кое е официјалнa институција на земјата одговорна за јавното здравје и здравствените политики.

Познати се случаи кога студии спроведувани во Јапонија беа погрешно интерпретирани за погрешно да сугерираат дека „вакцините придонеле за зголемена прекумерна смртност“, иако конкретната студија не се занимавала воопшто со причината за зголемената прекумерна смртност. Јапонија има и вакцина против ковид-19 од домашно производство.

Во текстот кој се споделува од заговорничкиот сајт „Нулта Тачка“ се наведува и дезинформација дека вакцините против ковид-19, наводно убиле 17 милиони луѓе ширум светот, што „Вистиномер“ веќе го има дебанкирано овде.

Јапонија често е мета на дезинформации поврзани со ковид вакцините а дел од нив Вистиномер веќе ги има дебанкирано. 

Вакцините против ковид-19 беа предмет на испитување и ќе продолжат да бидат предмет на најинтензивно мониторирање на нивната безбедност. Доказите од стотици милиони вакцини против ковид-19 кои веќе се администрирани во САД и милијардите вакцини администрирани глобално, покажуваат дека тие се безбедни и ефикасни. Сите вакцини поминуваат низ ригорозни проверки и независни проценки со цел да се осигури нивната безбедност и делотворност.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција