Јован Пејковски

Јован Пејковски кој себе си се претставува како доживотен градоначалник. Фото: Кропирано од изборната плаката

 

 

Градоначалник на Општината Чучер Сандево од октомври 2017 година

 

БИОГРАФИЈА

Пејковски е роден на 29 јануари 1969 година во скопското село Бразда. Оженет е и е татко на три деца.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Во официјалната биографија на Пејковски пишува дека има основно и средно образование и нема никакви дополнителни информации околу тоа прашање. Основното образвание го завршил во с. Сандево, додека средното во АСУЦ „Боро Петрушевски“ во Скопје.

 

КАРИЕРА

Пејковски за себе пишува дека бил успешен бизнисмен повеќе од 20 години, се до 2009 година. Но она по што Пејковски е можеби поуспешен од претприемништвото, е фактот што е градоначалник на Чучер Сандево веќе трет мандат.

Првата доверба од граѓаните ја добива на локалните избори во 2009 година, кога се кандидира како независен кандидат подржан од група граѓани. Иако, како што вели, општинта ја затекнал во лоша финансиска состојба, успеал да изврши реконструкција на две основно училишта, во с. Сандево и во с. Кучевиште, да ја обнови патната инфраструктура и да ја прошири мрежата со канализации во неговата општина, како и да успее да направи организирано собирање на отпадот.

На изборите во 2013 година повторно се кандидира за градоначалник подржан од група граѓани и уште во првиот круг ја добива довербата и мандатот да ја води општината во периодот 2013-2017 година. И во овој мандат има со што да се пофали – отворање на првата детска градинка во општината сместена во основното училиште во с. Сандево, изградба на канализациски системи во четри села, реконструкција на калдрмисаниот пат што води до с. Кучевиште и изградба на водовод од месноста Урвич до Кучевиште.

На последните локални избори во 2017 година, Пејковски повторно се кандидира и повторно освојува победа во првиот круг, иако за разлика од претходниот мандат сега нема освоено советници од неговата листа. Најавува бројни проекти со цел подобрување на условите за живеење во општината која брои нешто над 8 илјади жители.

Но Пејковски, според она што го најдвоме во интернет архивите има и една пресуда за насилство, претепување на сограѓанин до кое дошло откако Пејковски дознал дека сограѓанинот не гласал за него. Тоа се случило веднаш по победата на локалните избоори во 2013 година, а претепувањето било извршено од него и уште од двајца вработени во Општината. Пресудата од три месеци условена затворска казна била обжалена од Пејковски и била потврдена од Апелациониот суд во Скопје во 2014 година, што значи била правосилна.

 

ИЗВОРИ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција