ЈСП не нуди едногодишен превоз за 1,99 евра

За измамата да биде поуверлива, се објавуваат и висококвалитетни фотографии од градските автобуси, фалсификувано е логото на електронската картичка „Скопска“ и се добива лажен впечаток дека само за 1,99 евра ќе добиете градски превоз во текот на целата година. Измамата е споделена непосредно пред да почне новата учебна година кога има голема фреквенција во градскиот превоз.

За измамата да биде поуверлива, се објавуваат и висококвалитетни фотографии од градските автобуси, фалсификувано е логото на електронската картичка „Скопска“ и се добива лажен впечаток дека само за 1,99 евра ќе добиете градски превоз во текот на целата година. Измамата е споделена непосредно пред да почне новата учебна година кога има голема фреквенција во градскиот превоз

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Град Скопје започна кампања за подобрување на животната средина, охрабрувајќи ги жителите повеќе да користат јавен превоз!
Скопска Карта нуди бесплатен градски превоз за една година! Не одлагајте! Специјалната понуда важи до 31 август 2024.
Кликнете на линкот подолу.

Објавата е лажна, односно не постои промоција на ЈСП според која ќе се делат „карти за бесплатен превоз за една година“. Кога ќе се пристапи на линкот се охрабруваат корисниците на социјалната мрежа Фејсбук да ги остават своите лични податоци, име презиме, адреса, а потоа се упатуваат да платат 1,99 евра за да им се достави наводната картичка.

За измамата да биде поуверлива, се објавуваат и висококвалитетни фотографии од градските автобуси, фалсификувано е логото на електронската картичка „Скопска“ и се добива лажен впечаток дека само за 1,99 евра ќе добиете градски превоз во текот на целата година. Измамата е споделена непосредно пред да почне новата учебна година кога има голема фреквенција во градскиот превоз.

Дополнително страницата од која се споделува измамничката објава, не е официјалната страница на Фејсбук на Јавното сообраќајно претпријатие. Таа страница е создадена исклучиво за финансиска измама на граѓаните.

Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје потврдува дека се работи за измама.

ЈСП Скопје утврди лажна вест со која е ФАЛСИФИКУВАНО логото на електронската картичка Скопска објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена Транспортна карта на град Скопје, која не е поврзана со ЈСП Скопје. Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните. Јавно сообраќајно претпријатие Скопје ја пријави измамата во МВР и очекува брзо постапување од надлежните за изнаоѓање на сторителите на измамата и очекува итно преземање на сите законски мерки за заштита на ЈСП, известија од ЈСП на нивната официјална страница на Фејсбук.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција