ЈСП не нуди нова картичка „Скопска“ за 145 денари
Оваа објава е лажна и измамничка. ЈСП нема ваква промоција, ниту нуди некаква картичка за 145 денари. Предупредување за измамата стигна и од самото скопско претпријатие од каде што објавија дека се работи за лажна вест. Укажуваат дека е фалсификувано логото на електронската картичка Скопска објавена на социјалните мрежи од страна на група наречена Јавен превоз Скопје, која не е поврзана со ЈСП. Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Специјална понуда за жителите на Скопје!
Во чест на јубилејот на JSP Скопје!
Купете нова Skopska карта и добијте неограничен превоз на сите видови транспорт за 6 месеци, само за 145 МКД.
Побрзајте, понудата важи само за првите 500 клиенти!
Понудата е валидна 7 дена!
Погледнете повеќе информации на линкот подолу
Објава со слична содржина која нуди картичка Скопска со која наводно можете да се возите бесплатно шест месеци, може да се најде тука.
Објавата што ја анализираме содржи линк кој ве води на посебна веб-страница, чијшто домејн нема никаква врска со Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.
Страницата ви нуди анкета со три прашања кои откако ќе ги одговорите ви нуди опција да отворите три кутии од кои едната секако е добитна.
Откако ќе го пополните формуларот со ваши лични податоци (ние користевме секако лажни), страницата бара од вас да оставите податоци од вашата банкарска сметка за да ви наплати 145 денари за наводно да ја добиете промотивната картичка Скопска.
Оваа објава е лажна и измамничка. ЈСП нема ваква промоција, ниту нуди некаква картичка за 145 денари.
Дополнително страницата од која се споделува измамничката објава, не е официјалната страница на Фејсбук на Јавното сообраќајно претпријатие. Таа страница е создадена исклучиво за финансиска измама на граѓаните.
Предупредување за измамата стигна и од самото скопско претпријатие. Од ЈСП на својата официјална Фејсбук-страница објавија:
ЈСП Скопје утврди лажна вест со која е ФАЛСИФИКУВАНО логото на електронската картичка Скопска објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена Јавен превоз Скопје, која не е поврзана со Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар