Како ќе се ублажуваат мерките против Ковид-19 во земјите од регионот во текот на мај

Фото: Pixabay

План за ублажување на мерките во Албанија, Северна Македонија, Косово, итн.

 

План за ублажување на мерките во Албанија, Северна Македонија, Косово, итн.

 

Пишува: Мерџан Даци

 

Многу земји во Европа се подготвуваат да ги отворат своите економии по речиси 2-месечното затворање поради пандемијата со КОВИД-19. Некои земји се посмели во процесот на отворање, а некои сè уште ги отвораат услугите со „пипета“. Споредено со соседите во регионот, Албанија покажува поголема претпазливост со рестартирање на воздушниот превоз.

 

Албанија

Министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу на 30 април најави некои услуги што ќе бидат отворени до 18 мај.

ФАЗА 1

Ковид -19

План за олеснителни мерки од 4 мај

· Се додаваат зелените области: Тропоја, Рогожина, Пеќин, Церик, Грамш, Ура Вајгуроре, Кучова, Берат, Поличан, Скрапар, Девол, Пустец, Малиќ, Малакастер, Колоња, Валона, Селеница

· Низ целата држава ќе се дозволи такси услугата за меѓуградски патувања, до два патника, членови на исто семејство

· Лицата кои се репатрирани, а живеат во црвени области ќе се самоизолираат во своите домови

 

ФАЗА 2

Ковид -19

План за олеснителни мерки од 11 мај

· Ќе се отворат дејности со стриктни протоколи за безбедност

– Фризерски салони

– Берберници

– Стоматолошки ординации

– Продавници во трговски центри

· Се продолжува времето на движење на возила без овластување од 05:00-17:30

· Сите репатрирани лица, ќе бидат самоизолирани во своите домови

 

ФАЗА 3

Ковид -19

План за олеснителни мерки од 18 мај

· Ќе се отворат дејности со барови/ресторани до 17:30 и тоа само во делови на отворено,  според стриктни услови на Протоколот на Министерството за здравство

Строго се забранува секое служење внатре во локалите

· Остануваат на сила забраните за сите културно/уметнички активности и се забранува собирање на повеќе од пет лица во јавни места (затворени или отворени)

· Се зголемува бројот на летови за репатриација (со самоизолирање дома)

 

Во меѓувреме, сé уште е рано да се зборува за рестартирање на воздушниот превоз во Албанија, освен во случаи на репатриација.

Што прават другите земји во регионот?

 

Косово

И во Косово, отворањето ќе се спроведува во три фази, но овој процес таму ќе се одвива во различни периоди. Во првата фаза се услугите што се отвораат на 4 мај, втората фаза од 18 мај и третата фаза од 1 јуни.

 

Грција

Првата фаза започна на 4 мај, кога ќе се овозможи да се отворат продавниците за продажба на мало и фризерските салони, пренесува Катимерини.

Следниот понеделник ќе се разгледа и дозволата за движење на луѓето во границите на нивните окрузи, но не и надвор.

Црквите ќе бидат отворени за молитви и тоа само на поединци, додека службите сè уште се забранети до 17 мај. По овој датум, ќе започне и оваа активност, но применувајќи строги правила за физичко растојание.

На 18 мај ќе се отворат училиштата за ниските паралелки на средните училиште. Истиот ден, археолошките локалитети ќе бидат отворени за посетители.

Центрите, кафулињата и рестораните (само надвор) ќе се вратат на 1 јуни, придржувајќи са на правилата за социјално растојание.

 

Црна Гора

Почнувајќи од понеделник, 4 мај, Националното координативно тело за инфективни болести дозволи:

– Продавниците за облека, чевли, техника, градежни материјали, занаети, кои пружат услуги, фризерските салони и салоните за убавина, салите за вежбање, книжарниците, стоматолошките ординации, авто-школите, музеите и галериите да можат да започнат со работа

– Локалниот такси превоз може да започне со работа

– Локалниот јавен превоз може да започне со работа во градовите каде нема нови регистрирани случаи на вирус.

– Граѓаните можат да одат во своите домови на село и во селата надвор од нивните градови.

Сите треба да ги почитуваат правилата, како што се носење маски за лице, обезбедување на течности за дезинфекција во нивните простории, почитување на максималниот број луѓе во рамки на зградата и слично.

 

Во Северна Македонија авиокомпаниите започнаа со продажба на билети за најголем број дестинации од Скопје и Охрид, иако Министерството за транспорт ги повика граѓаните да се воздржат од купување билети за патувања во странство, пишува Мета.

„Визер“ (Wizzair)  продава билети за летови за периодот по 17 мај. „Кроација ерлајнс“  (“Croatia airlines”) продава билети од Скопје до Загреб по 1 јуни. „Ер Србија“ (“Air Serbia”) нуди авионски билети од Скопје до Белград, за кои проценува дека би можеле да се организираат по 9-ти мај. Билетите од Скопје до Виена преку „Аустриан ерлајнс“ (“Austrian airlines”) може да се купат за периодот по 21 мај.

Сепак, Северна Македонија е една од земјите со повисок биланс и од Албанија во однос на КОВИД-19 и властите велат дека отворањето ќе биде претпазливо.

 

Италија најави дека во текот на следната недела повторно ќе отвори два аеродрома. Тоа се аеродромот „Цампиное“(Ciampinoѐ) во Рим и аеродромот во Фиренца, Перетола (Peretola).

Аеродромите ќе се отворат на 4 мај.

Исто така, се предвидува и многу бизниси да продолжат со работа по неколкумесечната пауза.

По 17 мај во функција ќе бидат и аеродромите на Сицилија и Сардинија.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција