Како да извадите вакцинален сертификат за трета доза вакцина?

Фото: meta.mk - Принтскрин колаж

Откако Министерството за здравство препорача сите вакцинирани со две дози, да примат и трета бустер доза од вакцината против ковид-19, ако се во општа добра здравствена состојба и ако се изминати шест месеци од втората доза, граѓаните ја имаат таа можност на повеќе вакцинални пунктови во земјава, без закажување. Меѓутоа, доказот дека сте примиле трета доза вакцина е внесен во вакцинален сертификат кој се вади електронски, а не преку матичниот лекар

Откако Министерството за здравство препорача сите вакцинирани со две дози, да примат и трета бустер доза од вакцината против ковид-19, ако се во општа добра здравствена состојба и ако се изминати шест месеци од втората доза, граѓаните ја имаат таа можност на повеќе вакцинални пунктови во земјава, без закажување. Меѓутоа, доказот дека сте примиле трета доза вакцина е внесен во вакцинален сертификат кој се вади електронски, а не преку матичниот лекар

 

Пишува: Мирослава Бурнс

 

На порталот за вакцинација – vakcinacija.mk постои можност да се извади сертификат за трета доза вакцина. Процедурата е прилично лесна. Најнапред се регистрирате на vakcinacija.mk со вашиот матичен број и со бројот на телефон. Преку СМС порака добивате код кој го внесувате и на тој начин добивате можност да се најавите. Потоа, влегувате во полето ,,најава” каде ги внесувате вашите матичен број и лозинка. Откако ќе се отвори вашиот профил (страница) има „копче“ со кое може да го избришете сертификатот. Го бришете и го генерирате новиот, го преземате, симнувате и го печатите. Потоа и во системот „Мој Термин“ е автоматски генериран и достапен новиот сертификат со три примени дози.

 

ТРЕТАТА ДОЗА НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА

Третата доза вакцина против ковид-19 не е задолжителна, а со тоа и серификатот е валиден и со две примени дози. Засега е личен избор на секој граѓанин дали ќе го генерира новиот сертификат или ќе го користи стариот, со само две примени дози. Од ,,Мој Термин” велат дека новиот сертификат со три примени дози не може да се генерира автоматски, бидејќи тоа би значело поништување на старите сертификати, а можеби некој граѓанин го приложил некаде како документ за доказ за вакцинација, па само може да му се направи административен проблем доколку стане неважечки. Вака, со мануелно бришење, па генерирање на сертификатот, секој граѓанин самиот одлучува кога ќе си генерира нов сертификат со трите дози.

Засега сертификатите за вакцинација немаат ограничен рок на важност, односно важат најмалку една година од вакцинирањето.

 

ЕВРОПСКИ ДИГИТАЛЕН СЕРТИФИКАТ

Освен националниот сертификат со три дози, на  vakcinacija.mk е достапен и Европскиот дигитален сертификат кој секој пациент може да го креира, симне и испечати. Единствен проблем кој може да се јави во процедурата е кога телефонскиот број внесен во Мој термин, веќе не е актуелен. Тогаш пациентот не може да се најави и мора да се обрати кај матичниот лекар за да го смени бројот во системот.

Европскиот ковид сертификат изгледа како прикажаниот подолу.

Може да се избере меѓу трите понудени опции, да се преземе ЕУ сертификатот во ПДФ форма, да се избрише ЕУ сертификатот, па да се креира нов, или да се преземе сертификат за прележан ковид-19 кој се генерира за позитивен ковид ПЦР тест не постар од 9 месеци. Сепак, сертификатот за прележаност во земјава е валиден само 45 дена кога станува збор за посета на јавни објекти или настани. После тие 45 дена, се препорачува граѓанинот доколку е во општа добра здравствена состојба, да се вакцинира.

За да креирате пак комон пас сертификат за патување, мора да ја преземете мобилната апликација од Google Play Store / App Store. Потоа во мобилната апликација внесете го активацискиот код: CPNMKD

и скенирајте го QR кодот од преземениот сертификат за патување CommonPass. Повеќе за Комон Пас може да прочитате на commonpass.mk.

CommonPass потврдата е дигитален доказ дека едно лице е вакцинирано против ковид-19 или има негативен резултат од направен тест. Оваа потврда е во дигитална или во печатена форма, со кју ар код, бесплатна, на англиски јазик, безбедна и сигурна.

Лицата кои сакаат да го користат CommonPass, можат да пристапат до нивните резултати од лабораторија или до потврдите за вакцинален статус преку постојните национални здравствени системи или регистри.(https://www.vakcinacija.mk)

CommonPass платформата проверува дали лабораториските резултати на лицето и вакциналните податоци се веродостојни и дали ги содржат барањата за здравствен скрининг на земјата на дестинација. Доколу барањата се исполнети, CommonPass креира едноставен дигитален сертификат кој лицето може да го покаже или сподели без да открива лични здравствени информации.

CommonPass е дизајниран со можност за пристап директно преку други апликации и услуги. Со CommonPass и CommonTrustNetwork, владите можат со сигурност да го проверат верификуваниот ковид статус на секој патник, а авиокомпаниското и прекугранично патување може безбедно да се вратат во „нормала“ за патниците, авиокомпаниите и владите.

Во ова упатство има инструкции за користење на мобилната апликација.

Важно е да се напомене дека откако еднаш ќе ви биде издаден сертификатот, менување на истиот не е можно, па затоа е од круцијална важност да се осигурате дека бројот на пасош што го внесувате, е идентичен со бројот на пасошот кој го имате.

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција