Како корона вирусот ја смени надворешната политика на Србија?

Помошта во борбата против корона вирусот во Србија пристигаше од Кина, од Европската Унија, но и од Русија, Турција, Норвешка, САД. И додека по добивањето на кинеската помош на улиците осамнаа билборди со благодарност упатена кон оваа држава, помошта од другите земји не беше „кревана до небо“. Се разликуваше дури и тонот со кој во медиумите се пишуваше засекоја од овие земји. За Кина и за Русија повеќе доминираше позитивен тон додека за САД и за Европската унија се зборувше главно во негативен контекст. Ова се само дел од резултатите на мониторингот на медиумите кој го спроведе организацијата ЦРТА спроведен во периодот од јануари до 17 април 2020.

Последните месец ипол дена откако изби здравствената криза сведоци сме на пресврт во надворешната политика на Србија. Според зборовите на речиси сите официјални државни претставници, корона-вирусот зајакна, а претседателот на државата призна дека „се разочарал во големата европска солидарност“. Од друга страна пак, наративот на претседателот кога стануваше збор за Кина, кој и досега беше позитивен, по воведувањето на вонредната состојба, а бројот на неговите позитивни изјави за Кина трикратно се зголеми.

„Да живее челичното пријателство на Србија и НР Кина“

За Кина во позитивен контекст најмногу пишуваше РТС, додека од сите написи објавени од почетокот на 2020 кои за Кина зборуваат во позитивен тон дури 65 проценти биле објавени во март, се наведува во истражувањето на ЦРТА.

Во разговорот за дневниот весник „Политика“ амбасадорката на Кина Чен Бо на 20 март најави „скромна помош и поддршка“, како и доаѓање на кинески експерти во Србија.

Истиот ден авион од Србија замина за Кина да донесе помош- респиратори, тестови за коронавирус, маски и медицинска заштитна облека, а веќе следниот ден беше организиран пречек на аеродромот „Никола Тесла“.

Дури и пред да биде најавена помошта, претседателот Вучиќ на профилот @buducnostsrbijeav сподели фотографија со кинескиот претседател Си Џипинг, проследена со коментарот: „Да живее челичното пријателство на Србија и НР Кина“.

Неколку дена подоцна кога помошта пристигна, обраќајќи и се на јавноста од аеродромот, претседателот повторно му изрази благодарност на претседателот на Кина.

Бескрајно благодарам на мојот брат и пријател, претседателот Си Џипинг, го чекаме во Србија и кога ќе дојде во нашата земја ќе го дочекаат стотици илјади луѓе“, кажа Вучиќ.

Веќе на 23 март Бо и се заблагодарува на Србија за довербата и најавува нов контигент на помош.

Кога станува збор, пак, за набавка на медицински материјал и опрема, амбасадорката рече дека кинеската амбасада ќе биде во контакт со Владата на Србија и со претседателот Вучиќ.

Неколку дена подоцна на српската почва слетува уште еден авион со кинеска помош. Пристигнаа клинички респиратори, неинвазивни респиратори, заштитни маски, заштитни одела, тестови и опрема. Според зборовите на српската премиерка Ана Брнабиќ, дел од пристигнатата опрема Србија ја купила од буџетот, а дел е донација на Народна Република Кина и кинеската компанија ХБИС, сопственикот на смедеревската Железарница, но и ИБС и Елефант Алајанс (Elephant Alliance).

Летот инаку беше организиран со помош на Развојната програма на Обединетите Нации (УНДП), а трошоците во износ од 460.000 долари ги покри Европската Унија.

„Ова е порака на солидарност и заедништво и прекрасен пример како светот станува едно во тешките времиња, а времињата навистина се тешки, не само за Република Србија туку и за целиот свет“, рече тогаш Брнбиќ и и се заблагодари и на Кина и на ЕУ.

За солидарност зборуваше и кинеската амбасадорка.

„Се радувам дека се повеќе луѓе се согласуваат дека солидарноста е најважна во борбата против вирусот и денешниот настан е добар показател за тоа. Гледате како Србија, Кина, ЕУ и ОН заедно работат. Дозволете ми да повторам – солидарноста е сила“, рече таа.

Благодарница за помошта на Србија на Кина и на кинескиот лидер Си Џипинг им упатија и од редакцијата на Информер и тоа во вид на билборди на повеќе локации во Белград со пораката: Благодариме, брату Си!“.

Кина исто така на Србија и донираше и две лаборатории за тестирање на корона-вирусот. На 8 април беше потпишан договорот со Институтот за геномика БГИ од Кина. Овој договор, како што се наведува на сајтот на Владата, опфаќа набавка на две лаборатории со вкупен капацитет од 3000 тестови дневно, а вклучува и целосна опрема која следи со лабораториите, тестови, како и комплети за земање на брисеви.

На крајот, за граѓаните на Србија останува непознато колку навистина добивме помош од Кина, а колку самите плативме од буџетот.

Иако министерот за финансии Синиша Мали на прес-конференција на 10 април вети дека одговорот ќе го добиеме до 12 април, тоа не се случи, па одговорот и натаму го очекуваме.

Дочек за Русите со погача и народни носии

Со пристигањето на првата помош од Русија започна и објавувањето на про-руски текстови.

Првиот од 11-те авиони со помош од Русија слета на воениот аеродром во Батајница на 3 април. Медицинската опрема, респираторите, маските, но и докторите ги дочекаа премиерката Ана Брнабиќ, министерот за одбрана александар Вулин, началникот на Генералштабот на Војската на Србија Милан Мојсиловиќ и рускиот амбасадор во Србија Александар Боцан-Харченко.

Веќе следниот ден, во Србија пристигна целокупната помош од Русија.

Авион со помош пристигна и од Турција на 8 април, а беше пречекан од министерот за одбрана Александар Вулин и од амбасадорот на Турција, Танжу Билгич.

„Кога ни беше најтешко не ни се јавија сите земји. Оние кои се јавија ја имаат нашата вечна благодарност“, порача тогаш Вулин.

Како ЕУ и помага на Србија?

Помош во борбата со вирусот корона во Србија пристига и од ЕУ. Меѓутоа Србија таа помош ја дочека значително поскромно одошто кинеската.

На тоа реагираше и шефот на европската дипломатија, Жозеф Борел:

„Сите се загрижени за Балканот. Се води борба околу наративите. Кога би можеле да појдете во Белград, ќе можевте да видите билборд со сликта на претседателот на Кина, Си, кој вели: „Благодариме брате Си, само вие ни помагате“, што е смешно, а никогаш не видовме билборд со кој ни се заблагодарува нам. Така, кинеската помош може да се најде на улиците, а кога ние помагаме и пред и за време на кризата, тогаш ништо, затоа мораме да ги зајакнеме капацитетите за да им ја објасниме својата стабилизирачка улога на Баалканот“, рече Борел пред неколку дена.

Слична реакција пристигна и од Карл Билт, шведски политичар и копретседавач на Советот на Европа.

„Кога Кина испрати помош за Србија, претседателот Вучиќ од тоа направи голема претстава. А, кога пристина далеку посериозната помош од Европската Унија, никаде не можевте да видите ниту фанфари ниту претседател“, напиша Билт.

За потсетување, претседателот Вучиќ на 15 март, во обраќањето по повод воведувањето на вонредната состојба кажа дека „не постои европска солидарност“ и дека поради одлуките на ЕУ не е можен увоз на стоки.

Меѓутоа, во своето обраќање на Твитер, на 15 март годинава претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен исткна дека „медицинската опрема оже да се извезува во земји кои не се членки на ЕУ“, но со „конкретно одобрување од срана на влаадите на земјите членки“. Поради тоа, Истиномер ова тврдење на претседателот го оцени како „речиси невистина“.

Освен помош, од ЕУ пристигнаа и пораки на солидарност и тоа од шефот на ЕУ делегацијата во Србија, Сем Фабрицио, кој рече дека „ солидарноста е „дел на европската ДНК“.

„Вирусот сега ја напаѓа Европа. Наашите општества, нашите животи и нашата економија ги доведува во голема опасност и наспроти илјадниците луѓе кои умираат, ние и упатуваме на Србија и на нејзините граѓани солидарност, да помогнеме кога е најпотребно“, порача Фабрици.

А што донираше ЕУ? Европската Комисија одобри пкет мерки за помош на Србија во вредност од 93 милиони евра. Еден дел е наменет за непосредна помош (15 милиони евра), додека остантиот дел на парите е наменет за економско опоравување.

Европската Унија потоа донираше уште 4,9 милиони евра помош за Србија во борбата против пандемијата, кои влегуваат во рамките на тие 93 милиони евра. Министерката за европски интеграции. Министерката за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ по потпишувањето на спогодбата на 3 април рече дека парите итно ќе бидат насочени на „купување на маски, респиратори, лабораториски тестови, монитори на интензивна нега, безконтактни термометри и заштитна опрема, контејнери потребни за тријажа и друга неопходна опрема“. Јоксимовиќ напомена и дека Србија е во постојана комуникација со ЕУ.

„Среќен сум што ЕУ солидарноста бргу одговори на барањето на Србија за помош (…)Поддршката на ЕУ ќе продолжи и понатамѕ, како за итни така и за краткорочни и среднорочни мерки, во вкупна вредност од 93 милиони евра, а во склад со потребите на Србија“, рече амбасадорот на ЕУ во Србија Сем Фабрици.

За ЕУ сепак во медиумите се пишуваше во негивен контекст, пред се на телевизиите со нацинална фрекфенција,се наведува во истражувањето на ЦРТА. Позитивен тон кон ЕУ меѓутоа можеше да се забележи во текстовите од областа на економијата.

Европската Комисија, исто така, им предложи на земјите на Западен Балкан и нов пакет на макрофинансиска помош, од Инструментот за брзо финансирање.

„Со поддршката на ММФ тие средства можат да придонесат за јакнење на макроекономската стабилност и за создавање на простор за да се овозможи рспоредување на ресурсите за заштита на граѓаните и за ублажување на негативните социо-економски последици на пандемијата на коронавирусот“, се наведува во соопштението на Европската Комисија.

Србија, меѓутоа, не беше опфатена со овој пакет на помош, имено бидејќи таа не се ни пријавила за добивање на таа помош.

Претседателот Вучиќ рече дека Србија не побарала помош од ЕУ туку зела кредити од Светската Банка и од Централната европска банка под поповолни услови. Тој додаде и дека износот кој го нуди ЕУ не е помош туку позајмица.

На Србија помош за борбата со вирусот корона и пристигна и од Норвешка, во износ од пет милиони долари.

„Многу е важно тоа што нашите норвешки пријатели изнајдоа доволно сила да ни помогнат во овој момент“, рече Вучиќ.

 

Годфри: САД голем донатор на Србија

На Србија помош и пристигна и од САД. Амбасадорот на САД во Србија, Ентони Годфри во интервјуто за Гласот на Америка рече дека неговата држава е голем донатор на Србија и дека Србија ќе добие дел од помошта во износ од 135 милиони долари кои САД ги пределила како помош за целиот свет. Од Америка пристигнаа 6.000 тестови, што, според Годфри е само дел од помошта.

На прашање да го искоментира начинот на кој беше пречекана помошта од Русија и од Кина во однос на онаа од САД и од ЕУ, Годфри вели:

„Единствен начин да преживееме и да обновиме нешто е да работиме заедно. Секој кој сака да и помогне на друга земја – треба да добие благодарност. Не сакам да гледам политизација на благодарноста ниту помошта да се користи во геополитички игри“.

За САД медиумите, според истражувањето на ЦРТА повеќе пишуваа во негативен контекст. Сепак, позитивниот тон кон САД беше забележителен кога се пишуваше за политика. На телевизиите со национална фрекфенција, пак, САД беа претставувани главно во негативен контекст.

 

извор: Meta.mk

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција