Како Русија ја користи вештачката интелигенција за да ги дехуманизира Украинците
Ставовите и уредничките коментари на РИА Новости често се граничат со очигледна пропаганда. Руската државна новинска агенција ги користи со цел да ги убеди Русите дека безброј непријатели ја опкружуваат татковината и дека руската воена агресија врз Украина е оправдана, а рускиот народ го чека величествена иднина, пишува: EUvsDisinfo
Ставовите и уредничките коментари на РИА Новости често се граничат со очигледна пропаганда. Руската државна новинска агенција ги користи со цел да ги убеди Русите дека безброј непријатели ја опкружуваат татковината и дека руската воена агресија врз Украина е оправдана, а рускиот народ го чека величествена иднина, пишува: EUvsDisinfo
Од генерички фотографии до штетници создадени со вештачка интелигенција
Во февруари 2022, една од овие колумни на гласноговорникот Петр Акопов предвремено ја прослави победата на Русија во Украина и за кратко време беше повлечена. Друг напис од про-Кремљ спин-докторот Тимофеј Сергејцев повика кон уништување на Украина како држава и елиминирање на украинскиот национален идентитет. Таа беше објавена во април 2022 година, истиот ден кога беа откриени првите жртви на масакрот во Буча.
РИА ги илустрираше овие два написа со едноставни генерички фотографии. Зборовите, а не сликите, беа оние кои ја пренесуваа омразата и токсичноста. Ова се промени некаде во април кога РИА започна да генерира слики со помош на апликации за вештачка интелигенција. Оттогаш, започна сè повеќе да ги илустрира колумните за Украина со слики од стаорци, глувци, хиени, свињи, кловнови или мали деца.
Повеќе мрак отколку сонце
Сликите генерирани со помош на вештачка интелигенција ја прикажуваат ЕУ како група мајмуни, брод кој потонува, пациент кој умира, луѓе кои гладуваат и се смрзнуваат и скелети кои јаваат тенк во пламен. САД се прикажани како мешетарски вујко Сем кој ја сече Украина како торта, а Велика Британија како дебел човек со цилиндрична шапка кој продава тенкови. Понатаму, останатите слики прикажуваат како Биг Бен се руши, Њујорк е во пламен, а зградата на Рајхстагот е заземена од зомбија.
На сликите кои ја прикажуваат Украина или нејзините поддржувачи, небото секогаш е полно со темни облаци и молња. Кога колумнистите пишуваат за Русија, сонцето секогаш сјае, додека среќни, убави луѓе шетаат низ златни полиња кон светла иднина. Сепак, сликите полни со омраза се помногубројни од „позитивните“.
Евтина и едноставна токсичност за поттикнување емоции
Генеративната вештачка интелигенција му овозможи на овој водечки про-Кремљ медиум лесно и евтино да ја визуелизира токсичноста зад зборовите на неговите автори со цел да го зголеми емоционалното влијание на нивниот говор на омраза. РИА е дел од групата „Росија Сегодња“, која, поддржана со големи суми од рускиот државен буџет, стана еден од доминантните играчи во земјата.
РИА е далеку од традиционален сервис за известување, со содржина и уредничка линија која се радикализира од февруари 2022 година. Зголемената употреба на слики со токсична содржина креирани со вештачка интелигенција е само најновиот пример кој покажува дека РИА дејствува како пропаганден оддел на воено министерство, а не како новинарска платформа. Сликите генерирани со вештачка интелигенција на платформата служат за поттикнување омраза кон Украинците, ЕУ и нејзините земји членки и други земји кои ја поддржуваат Украина. Прочитајте го и нашиот извештај за говорот на омраза во Кремљ: „Кога зборовите убиваат — од Москва до Мариупол”.
Рециклирана омраза
Операциите за влијание во странство на РТ и Спутник се дел од истата организација и РТ редовно ги преведува и објавува колумните на РИА на различни јазици, илустрирани со генерираните слики. Текстовите и сликите исто така се рециклираат во други делови на про-Кремљ дезинформацискиот екосистем.
Техника од 20 век, технологија од 21 век
Во текот на 20 век, геноцидните режими постојано се обидувале да ги дехуманизираат другите етнички групи или луѓе, прикажувајќи ги како штетници. Националсоцијалистичките пропагандисти ги нарекуваа Евреите стаорци. За време на геноцидот во Руанда, Тутсите беа наречени лебарки. Руските државни медиуми како РИА, но и многу други се движат во оваа насока, поддржани од технологијата на вештачката интелигенција од 21 век.
Немојте да бидете измамени!
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар