Како се дознава кога едно видео било објавено на „Јутјуб“

 

Интерфејсот на „Youtube DataViewer“.
Едноставниот интерфејс на „Youtube DataViewer“.

На прв поглед, „Јутјуб“ не го покажува времето на објавување на видео-клипови. Сепак, точното време може да се пронајде преку апликација која ги вади метаподатоците на виделина.

 

Пишува: Филип Стојановски, магистер по е-бизнис менаџмент

 

При објавување на видео-клип на сервисот „Јутјуб“, како јавно достапен податок за времето на објавување во текот на првите 24 часови е наведено само пред колку часа било објавено видеото, а потоа само на кој ден – датум без час. Ова создава практични проблеми за новинарите и граѓаните во ситуации кога сакаат да утврдат точно време  на „качување“ на дадено видео.

Во списокот на видеа на даден канал (во случајов „Скај њуз“), „Јутјуб“ го прикажува времето на објавување во минути за видеа качени пред помалку од еден час, во часови за објавените пред помалку од еден ден. Во сите други случаи на прв поглед  достапен е само денот (датумот).
Во списокот на видеа на даден канал (во случајов „Скај њуз“), „Јутјуб“ го прикажува времето на објавување во минути за видеа качени пред помалку од еден час, во часови за објавените пред помалку од еден ден. Во сите други случаи на прв поглед достапен е само денот, т.е. датумот.
(Кликнете на сликата за поголема верзија.)

Како практичен пример може да послужи текстот насловен „Кој е побрз, Сител или Youtube?“ (sic), објавен на 03.02.2015 г. во 00.15 часот на веб-сајтот на „Фокус“. Во него, новинарот се обидува да најде одговор на прашањето дали одредено видео било објавено пред или по точно одреден момент. Во недостаток на точно време, авторот вади заклучоци со широка маргина на грешка, со право претпоставуваќи дека податокот „објавено пред 3 часа“ може да значи и дека е објавено пред 3 часа и една минута, до 3 часа и 59 минути.  Написот наведува дека на телевизијата видеото го емитувала во 19:32 часот,  во рамки на вечерниот Дневник кој почнува од 19 часот. Овој податок се користи за споредба со цел да се искаже сомнеж, но сепак во ситуацијата останува потребата за прецизно утврдување на точното време на објавување.

Една алатка која може да се искористи за оваа намена е YouTube Data Viewer (анг. за прегледувач на податоци од „Јутјуб“), развиен од Амнести Интернешнал.

„YouTube Data Viewer“-от s е едноставна алатка со која може да се извадат скриените податоци од видео-клипови хостирани на „Јутјуб“. Тој овозможува вадење на следните варијабли, кои се многу полезни за утврдување на оригиналната содржина:

  1. Точно време на качување (Exact Upload Time)
    Полезно при утврдување кое видео е оригинално ако треба да се споредат неколку копии на исто видео од ист датум, како и за утврдување на точниот датум на качување во некои случаи (кој може да биде поинаков од јавно објавениот податок за време на објава).

  2. Сите мали сликички (Thumbnails)
    Полезно при наоѓање постари верзии на истиот видео-клип, преку спроведување „обратно“ пребарување слики – според графичката содржина на самата слика.

Користењето на алатката е едноставно. По кликнувањето на линкот  www.amnestyusa.org/citizenevidence/ се појавува формулар во кој треба да се внесе адресата на видео-клипот за кој сакаме да дознаеме точно време на објава. Алатката овозможува вадење на метаподатоците кои „Јутјуб“ ги чува заедно со видеото.

Така, при внесување на видата од посочениот профил на корисникот „hoho lol“, се добиваат следните резултати. При тоа, мора да се напомене дека времето на објавување „Јутјуб“ го пресметува според Координираното универзално време (анг. Coordinated Universal Standard Time – UTC). Ова време од прилика одговара на средното време по Гринич. Алатката нуди и можност да се пресмета локалното време со избор на соодветната временска зона.

 

Резултати од примената на „Youtube DataViewer“, со датумот и времето по Гринич. Кликнете на сликата за поголема верзија. д
Резултати од примената на „Youtube DataViewer“, со датум и време по Гринич. Кликнете на сликите за поголема верзија

 

Со кликнување на линкот „convert to local time“ – односно „конвертирајте во локално време“, алатката ве префрла на апликација со која може да го дознаете точниот час и минута во временска зона по избор.

„Youtube DataViewer“ автоматски го префрла корисникот кон апликација за конверзија на датумот и времето, при што податоците по Гринич се веќе внесени и само треба да се избере временската зона. Податоци за време за второто видео.
„Youtube DataViewer“ автоматски го префрла корисникот кон апликација за конверзија на датумот и времето. При тоа, податоците по Гринич се веќе внесени и само треба да се избере временската зона. Кликнете на сликите за поголеми верзии.

 

Со притискање на копчето „Convert time“, се добива резултатот според локалното време на избраната временска зона.

 

„Youtube DataViewer“ автоматски го префрла корисникот кон апликација за конверзија на датумот и времето, при што податоците по Гринич се веќе внесени и само треба да се избере временската зона. Конечното време на второто видео.
На крај, се добива и времето кога е качено видеото.
Кликнете на сликите за поголеми верзии.

 

Во примерот, апликацијата покажува дека „Јутјуб“ запишал дека првиот видео клип е „качен“ во 19:00, а вториот во 20:25 часот по македонско време. Овие податоци потоа може да се искористат при споредби со времињата на емитување на ТВ при натамошното градење аргумент и вадење заклучоци за веројатноста на првобитно симнување од „Јутјуб“.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција