Kallxo.com: ДЛК не го објави Договорот со Српска листа

Принтскрин: Kалзо

На 29 април кандидатот на Демократската лига на Косово (ДЛК) за премиер, Авдулах Хоти, вети дека Договорот со најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, ќе биде објавен тој ден. Ова ветување за јавно објавување на Договорот го даде и шефот на парламентарната група на ДЛК, Арбен Aбраши и претседателот на оваа партија Иса Мустафа.

Имено,  Хоти на 29.04.2020 за медимите изјави:

Верувам дека нашите очекувања се да го објавиме (договорот н.з.) во рок од еден ден, ако не стигнеме денеска, утре.

На 04.05.2020 шефот на парламентарната група на ДЛК, Абраши го тврдеше истото:

 Ќе го објавиме, не е проблем.

И претседателот на ДЛК, Мустафа на 01.05.2020 за медиумите изјави:

Можеме денес да го објавиме договорот со Српска листа, така што договорот ќе биде познат за целата јавност.

Сервисот за проверка на факти во Косово, Калзо (kallxo.com – кој работи на проверка на фактите и е производ од соработката меѓу БИРН Косово и Интерњуз Косово) ги провери овие изјави  и констатира дека ветувањата на клучните личности на ДЛК за објавување на коалицискиот договор со Српска листа, не се исполнети. Односно, коалицискиот Договор помеѓу ДЛК и Српска листа за новата влада на Косово сè уште е недостапен за јавноста.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција