Kallxo.com: Институтот за јавно здравје на Косово „изгубен во преводот”

Националниот институт за јавно здравје на Косово (НИJЗК) ги искриви фактите, цитирајќи статија поврзана со истражувањето на универзитетот Оксфорд за управување со пандемијата во различни делови на светот, известува Сервисот за проверка на факти во Косово, Kallxo.com.

Намерно или не, НИJЗК лажно заклучи дека истражувањето го наведува Косово меѓу земјите со најдобро управување со пандемијата на КОВИД-19.

Институтот објави напис на Еуроњуз поврзан со истражувањето на Универзитетот Оксфорд, каде што, меѓу другото, зборува за состојбата со пандемијата на Косово, погрешно преведувајќи ја и не пренесувајќи точни информации.

НИЈЗК синоќа напиша дека Универзитетот во Оксфорд го прогласи Косово за една од најуспешните земји во спроведувањето на мерките против КОВИД-19.

Косово на врвот на листата на европски земји како најуспешни во спроведувањето на мерките за спречување на КОВИД-19, се вели на почетокот на изјавата на НИПХК.

Сепак, никаде во цитираниот напис не се споменува спроведувањето на мерките. Всушност, таму се зборува само за предвидени мерки од здравствените институции, а самото истражување, според една од авторките Anna Petherick, не ја мерело ефикасноста на предвидените мерки.

Инаку, досега во Косово се заразени 13.454 лица, 9.595 се излекувани, додека 525 лица починаа од КОВИД-19.

Со оваа аргументација Каllxo.com изјавата од НИЈЗК, ја оцени како невистина.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција